Странски печат 11.05.2020

Еве некои од позначајните наслови од странските средства за информирање...

1414686
Странски печат 11.05.2020

Францускиот телевизиски канал „Франс 24“: Според поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД) Барак Обама рече дека управувањето со кризата во врска со Ковид-19 од страна на претседателот Доналд Трамп претставува „целосна хаотична катастрофа“.

Францускиот весник „Ле Монд“: Коронавирусот во светот - Вирусот повторно се виде во главниот град на Јужна Кореја, Сеул и во кинескиот град Вухан.

Француски „Ле Фигаро“: Повторното отворање на продавниците, онлајн работа (работа од далеку), транспорт: Денеска заврши карантинот во Франција.

Египетскиот весник „Ал Дустур“: Во Тунис во последните 24 часа не е регистриран случај на зараза од Ковид-19.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Благодарение на брзите мерки коишто ги презеде владата во Катар се ставени под контрола здравствените и економските влијанија на Ковид-19.

Арапскиот весник „Ал Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Велика Британија: Ирачката влада се подготвува за време на Рамазан Бајрам да прогласи целосна забрана за излегување на улица.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Сопствениците на ресторани, хотели и продавници со загриженост што ќе биде во иднина се подготвуваат повторно да ги отворат своите работни места.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“: Шпанската влада ќе им додели месечно 1.015 евра на еден милион семесјтва кои имаат потреба од помош.

Венецуелскиот весник „Телесур“: Венецуелскиот претседател Николас Мадуро посака од венецуелскиот народ да се придржува кон правилата на карантин.

Германски „Дојче Веле“: Повик од претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и лидерите на земјите членки на Европската унија (ЕУ) упатија повик за единство во борбата против Ковид-19.

Германскиот весник „Цајт Онлајн“: Епидемијата на Ковид-19 во Германија повторно доби во брзина.

Германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“: Поради коронавирусот во Германија се намалени поднесените барања за азил.

Рускиот информативен сервис „Раша Тудеј“: Во пожарот којшто избувна во една болница во градот Красногорск во Русија животот го загубија 9 лица. 

Руската новинска агенција „Регнум“: Во Татаристан почнувајќи од 11 мај се укинува системот за излегување на улица со електронска дозвола. 

Рускиот информативен портал „Gazeta.ru“: Поранешниот украински министер за надворешни работи Павел Климкин рече дека Празникот на победата е победа којашто е извојувана за време на Втората светска војна и дека Русија нема право да го празнува овој празник.



Слични вести