Странски печат 07.05.2020

Еве некои од позначајните наслови од странските средства за информирање...

1412479
Странски печат 07.05.2020

Германскиот информативен портал „zdf.de“: Во Германија во рамките на олабавувањето на мерките за Ковид-19 ќе бидат отворени сите продавници.

Германскиот весник „Велт“: Бројот на починатите од коронавирусот во Германија се доближи до 7 илјади.

Германски „Дојче Веле“: Од состанокот на федералната влада и претставниците на покраините во Германија произлезе одлука за флексибилност во мерките.

Францускиот телевизиски канал „Франс 24“: Кусо време пред укинувањето на карантинот поради Ковид-19 во Франција постои загриженост од втор бран.

Францускиот весник „Ле Монд“: Коронавирусот во светот – Според Доналд Трамп (претседателот на САД), оваа криза е полоша од Перл Харбур.

Швајцарскиот весник „Ле Темпс“: Русија ја изнесува својата разочараност од Бешар Асад.

Саудискиот весник „Ал Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Велика Британија: Светската здравствена организација (СЗО) за утврдеување на изворот на новиот тип коронавирус размислува да испрати нова екипа во Кина.

Информативниот сервис „Ал Џезира“: Во Соединетите Американски Држави (САД) во последниот еден ден од коронавирусот починаа повеќе од 2.000 лица. Вкупната бројка на случаите на зараза во светот надмина 3 милиони 800 илјади лица.

Кувајтскиот весник „Ал Ватан“: Ирачкиот Парламент изгласа доверба за новата влада.

Шпанскиот весник „Ла Вангардија“: Во Шпанија се регистрира мало опоравување во дневните случаи на смрт од коронавирусот.

Аргетнскиот весник „Ел Кларин“: Рекорд во Бразил – За еден ден 614 смртни случаи, 10.500 новозаразени од коронавирусот.

Венецуелскиот телевизиски канал „Телесур“: Цел на вооружениот напад во Венецуела е да биде киднапиран претседателот Николас Мадуро и да биде однесен во САД.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Министерството за надворешни работи на Белорусија ја поништи акредитацијата на групата за снимање на рускиот државен телевизиски канал кој подготви вест за состојбата во врска со коронавирусот во земјата.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за обезбедување на гаранција за дополнително осигурување за здравствените работници кои водат борба против коронавирусот. 

Рускиот весник „Известија“: Во САД е направена стимулација за фрлање на термонуклеарна бомба врз Москва.



Слични вести