Странски печат 05.05.2020

Еве некои од позначајните наслови од странските средства за информирање...

1410902
Странски печат 05.05.2020

Францускиот весник „Ле Монд“: Смртната стапка од епидемијата во областа Ил Де Франс во Франција се искачи на речиси двократно.

Француски „Ле Паризиен“: Коронавирусот - За неколку часа во големите маркети во Франција се продадени милиони маски.

Белгискиот весник „Ле Суар“: Во лабораторија во Франција е откриено антитело кое може да го неутрализира вирусот на Ковид-19.

Саудискиот весник „Ал Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Велика Британија: Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека наскоро ќе се добијат радосни вести од Либија. 

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека вакцината против коронавирусот ќе биде готова на крајот на 2020 година. 

Информативниот сервис „Ал Џезира“: И покрај тоа што Белата куќа не сака да прифати, едно спроведено истражување во САД предвидува дека смртните случаи од коронавирусот во земјата на почетокот на идниот месец ќе се зголемат на околу 100 илјади лица. 

Германски „Дојче Веле“: Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече дека ќе се вратиме во нов живот во нормала. 

Германскиот информативен портал „Tagesschau.de“: Европската унија (ЕУ) за вакцината против коронавирусот собра донации во висина од 7 милијарди 400 милиони евра. 

Германскиот весник „Дер Тагесшпигел“: Пукнатина помеѓу коалиционите партии во Германија - САД да го повлечат своето нуклеарно оружје од Германија.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Шпанското министерство за образование планира бројот на учениците во училниците да го ограничи со 15 ученици. 

Шпански „Ла Вангардија“: Далеку е веројатноста за пренесување на вирусот преку производите коишто се допираат во маркетите. 

Перуанскиот весник „Ел Комерцио“: На 50. ден од итната состојба во земјата од коронавирусот починаа 1.344 лица, а има повеќе од 47 илјади случаи на зараза. 

Рускиот информативен портал „Lenta.ru“: Американскиот весник "The New York Times" одликуван со Пулицерова награда за напис во кој се упатуваат критики на сметка на рускиот претседател Владимир Путин. 

Руската новинска агенција „ТАСС“: Поради сомневање од коронавирусот во Русија 222.500 лица се држат под надзор. 

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Областите во Русија поради епидемијата на коронавирусот во 2020 година нема да му ги отплатат своите кредитни долгови на федералниот буџет.



Слични вести