Странски печат 27.04.2020

Еве некои од позначајните наслови од странските средства за информирање...

1405762
Странски печат 27.04.2020

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Шпанскиот премиер Педро Санчез побара од автономните управи да ги зајакнат своите здравствени мрежи.

Аргентинскиот весник „Инфобае“: Шпанските научници работат на прототип којшто може да го открие коронавирусот на површините.

Аргентинскиот весник „Ла Национ“: Остар пад во дневниот број на смртните случаи од коронавирусот во Шпанија - Утврдени се 288 починати лица.

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: Во Ирак еден смртен случај и 57 нови случаи на зараза од Ковид-19.

Арапскиот весник „Ал Кудс Ал Араби“ кој што се објавува во Лондон: Во Египет 10 смртни случаи и 215 нови случаи на зараза од Ковид-19.

Францускиот весник „Ле Паризиен“: Отворањето на училиштата во Франција на 11 мај - големо сомневање.

Француски „Ле Монд“: Стапката на смртност од коронавирусот на интензивна нега во Франција е многу повисока од соопштената.

Белгискиот весник „Ле Суар“: Во Белгија се напишани повеќе од 60.000 парични казни поради непридржување кон правилата на карантин.

Германскиот информативен портал „Zeit Online“: Европа постепено ги олабавува мерките против коронавирусот.

Германскиот весник „Ди Велт“: Претседателот на германскиот Парламент, Бундестагот, Волфганг Шобле истакна дека луѓето ќе продолжат да умираат од коронавирусот.

Германски „Дојче Веле“: Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху истакна дека нема сомневање во тоа оти Соединетите Американски Држави (САД) ќе го одобрат анектирањето на Западниот Брег.

Рускиот весник „Комерсант“: Меѓународниот институт за мировни истражувања во Стокхолм (SIPRI) соопшти дека Русија се врати меѓу 5-те земји со најголеми воени трошоци.

Рускиот информативен портал „Vesti.ru“: Кремљ соопшти дека Русија би можела да се одржи во живот со ефтина нафта.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Во Москва во последните 24 часа животот го загубија 31 пациент заболен од новиот тип коронавирус (Ковид-19).



Слични вести