Странски печат 17.04.2020

Еве некои од позначајните наслови од странските средства за информирање...

1399921
Странски печат 17.04.2020

Германскиот информативен портал „Spiegel.de“: Американскиот претседател Доналд Трамп сака ограничувањата во врска со коронавирусот да ги кребе во 3 етапи.

Германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“: Кинеската економија доби тешка рана (во периодот на коронавирусот). 

Германскиот информативен портал „Ard.de“: Партиите на Демохристијанската унија (ЦДУ-ЦСУ) во Германија достигна до најдобриот процент на гласови од 2017 година досега. 

Саудискиот весник „Ал Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Велика Британија: Црнвениот крст соопшти дека коронавирусот се оценува како социјален земјотрес којшто се одразува на животот на милиони луѓе на Блискиот исток.

„Ал Кудс Ал Араби“: Само во четвртокот од коронавирусот во 16 арапск земји се регистрирани 38 смртни случаи и 2.218 случаи на зараза.

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“: Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека дојде времето за повторно отворање на економијата на Соединетите Американски Држави (САД).

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Експертите во Шпанија се едногласни дека ќе биде погодно децата да се вратат на своите училишта во септември.

Шпански „Ел Мундо“: Соопштено е дека бројката на починатите во домовите за старци во Шпанија од почетокот на епидемијата на Ковид-19 изнесува 11.300 лица.

Венецуелскиот телевизиски канал “Телесур“: Надлежните во градот Гуајас во Еквадор планираат до наредната недела да ги завршат работите за закопување на починатите лица од новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Францускиот весникот „Ле Монд“: Намалувањето во бројот на заболените од коронавирус во Франција кои се хоспитализирани и префрлени на интензивна нега, стана причина за надеж.

Француски„Паризиен“: Според претседателот Емануел Макрон имаше работи кои што се уште се непознати во врска со раководењето со коронавирусот во Кина.

Белгискиот весник „Ле Суар“: Од страна на Претставничкиот дом во Белгија е усвоена забраната за пушење во возило покрај лице под 18 годишна возраст.

Рускиот весник „Комерсант“: Руската авиокомпанија „Аерофлот“ ја сопре продажбата на билети за меѓународни летови до месец август.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Утврдени случаи на зараза од новиот тип коронавирус во сите области на Русија. Последната област во која е регистриран случај со зарза од вирусот е Алтајската Република.

Рускиот веб-сајт „gazeta.ru“: Вселенското летало „Сојуз МС 15“ и екипажот успешно се спушти на слета на космодромот Бајконур во Казахстан.



Слични вести