Странски печат 09.04.2020

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1394467
Странски печат 09.04.2020

Информативниот сервис „Ал Џезира“: Коронавирусот се пренесе на саудиското кралско семејство, десетици лица се заразени, а кралот Салман е во самоизолација во соба...

Саудискиот весник „Ал Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Велика Британија: Коалиционите сили под водство на Саудиска Арабија соопштија дека почнувајќи од четврток (денеска) во текот на две недели се суспендирани (прекинати) воените операции во Јемен.

„Ал Кудс Ал Араби“: Опасност од ширење на коронавирусот во пренатрупаните бегалски кампови во северниот дел на Сирија.

„Ал Кудс Ал Араби“: Управата на Соединетите Американски Држави (САД) наместо на градот Њујорк кој е најмногу погоден од коронавирусот, испрати медицински маски за окупаторската армија на Израел.

Германскиот информативен портал „Merkur.de“: Бројот на починатите од новиот тип коронавирус Ковид-19 во Германија се зголеми на над 2.000 лица. 

Германскиот веб сајт „Stern.de“: Кризата со коронавирусот - 8 милиони маски за Германија. Благодарение на канцеларката Меркел е формиран мост за Кина. 

Германската новинска агенција „ДПА“: Светската трговска организација (WTO) предвидува дека светската трговија оваа година ќе опадне за 32 отсто.

Францускиот весник „Ле Фигаро“: Франција за борбата против Ковид-19 во Африка ќе додели помош во износ од 1,2 милијарди евра. 

Француски „Ле Монд“: Во Франција кадешто бројот на починатите достигна до 11.000 ќе биде продолжен рокот на забраната за слободно движење. 

Францускиот весник „Ле Паризиен“: Ковид-19 - Бројот на затворениците во француските затвори се намали за 8.000. 

Шпанскиот весник „Ел Мундо“: Со смртта на 2.000 лица за два дена по ред брзината на смртните случаи во САД ја остави зад себе Шпанија. 

Шпански „Ел Паис“: Министерството за финансии во Шпанија предложи да бидат одложени даноците на 3,4 милиони претпријатија од мал и среден обем и на автономните управи. 

Аргентинскиот весник „Ел Кларин“: Гувернерите во Аргентина сакаат карантинот да трае до месец мај. 

Рускиот информативен портал „РБК“: Русија ќе ја разгледа со земјите на ОПЕК+ можноста за намалување на производството на нафтата за 14 отсто 

Рускиот веб сајт „Lenta.ru“: Во Москва од коронавирусот починаа уште двајца пациенти. Во Русија има 8.672 случаи на зараза и 63 починати. 

Рускиот информативен портал „РТ“: Премиерот Михаил Мишустин рече дека коронавирусот би можел да му нанесе сериозна штета на буџетот на државата.



Слични вести