Странски печат 07.04.2020

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1392718
Странски печат 07.04.2020

Германскиот информативен портал „Bild.de“: На британскиот премиер Борис Џонсон кој е префрлен на интензивна нега му е дадено 4 литри кислород.

Германски „Дојче Веле“: Мерките против епидемијата во Германија ќе продолжат до 19 април. 

Германскиот веб-сајт „Spiegel.de“: Кризата поради коронавирусот во Франција претставува најголем испит во земјата од 1945 година досега. 

Арапскиот весник „Ал Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Велика Британија: Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) својот прв состанок во врска со коронавирусот ќе го одржи во четврток.

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: Палестинската управа, поради високите човечки загуби ги изолира областите коишто се погодени од коронавирусот. 

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“: Комесарот на Светската здравствена организација во Либија истакна дека одразот на коронавирусот на Либија не би можел да се претпостави поради присутните недостатоци во здравствениот систем во земјата.  

Информативниот сервис „Ал Џезира“: Во подрачјето на Идлиб се враќаат 73 илјади сириски бегалци.

Шпанскиот весник „Ла Вангардија“: Епидемијата на коронавирусот во Шпанија - Растот во бројот на новозаразените за 3 недели од 22 отсто се намали на 3 отсто.

Аргентинскиот весник „Инфобае“: Колумбискиот претседател Иван Дуке задолжителниот карантин во Колумбија го продолжи до 27 април.

Кубанската новинска агенција „Пренса Латина“: Германските парламентарци наново ја заживуваат иницијативата за прифаќање на мигранти.

Рускиот информативен портал „Lenta.ru“: Во Русија се започнати тест експериментите коишто ќе послужат за утврдување на заболените од коронавирусот.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Руската Федерација повторно ги започна авионските летови со коишто ќе се обезбеди враќање на руските државјани од странство во земјата.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Руското министерство за надворешни работи соопшти дека причината поради растот во бројот на младите заразени од Ковид-19 е непочитувањето на мерките за изолација и одењето на пикник (на излет во природа).

Францускиот телевизиски канал „Франс 24“: Проблеми во врска со погребните церемонии на муслиманите и евреите во Франција. 

Францускиот весник „Ле Монд“: Британскиот премиер Борис Џонсон кој е заболен од коронавирус се наоѓа на интензивна нега.

Францускиот весник „Ле Паризиен“: Французите во карантин многу повеќе зависни од своите умни телефони од било кога досега.



Слични вести