Странски печат 30.03.2020

Еве некои од позначајните наслови во странските средства за информирање...

1387481
Странски печат 30.03.2020

Аргентинскиот весник „Ел Кларин“: Аргентинскиот претседател Алберто Фернандес  донесе одлука рокот на карантин да биде продолжен до Семана Санта (Светата недела) пред Велигден.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“: Земјоделството во Шпанија дава аларм. Поради епидемијата не можат да се најдат луѓе кои ќе ги соберат производите.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Владата во Шпанија за спречување на колапсот на здравствениот систем го предлага моделот на „зимски сон“ во економијата.

Францускиот весник „Ле Фигаро“: Билансот од епидемијата во Франција станува се поочаен, се забрзува хоспитализирањето на заболените во болниците.

Француски „Ле Монд“: Европските демократии се тестираат со една исклучителна здравствена криза.

Францускиот весник „Ле Паризиен“: 4.632 Французи заразени од коронавирусот се наоѓаат на интензивна нега.

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: Светот очекува самит за коронавирусот. Половината од луѓето во светот се во самоизолација.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Во Кина се намалува бројот на новите случаи на зараза од коронавирусот.

Оманскиот весник „Ватан“: Египетската влада поради коронавирусот донесе привремено органичување за подигање и вложување пари во банките. 

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко истакна дека власта искористувајќи ја паниката поради коронавирусот подготвува основа за измама на векот и би можел да се донесе закон за размена на земјиште.

Руската новинска агенција „ТАСС“: По Москва е упатен повик до граѓаните за домашна изолација и во Мурманската област.  

Рускиот весник „Известија“: Францускиот претседател Емануел Макрон посака од Италија да не западне во релаксација поради помошта којашто и се доставува од страна на Русија и да не ја изгуби контролата.

Германскиот информативен портал „Bild.de“: Американскиот претседател Доналд Трамп загрижен поради тоа што од коронавирусот во земјата би можеле да го загубат животот најмалку 100 илјади лица.

Германски „Spiegel.de“: Цените на нафтата се наоѓаат на најниско ниво од 2002 година наваму.

Германскиот веб-сајт „Stern.de“: Гувернерот на Њујорк  истакна дека во САД илјадници лица се соочуваат со ризик да го загубат животот поради новиот тип коронавирус (Ковид-19).



Слични вести