Странски печат 24.03.2020

Еве некои позначајни случувања за кои известуваат странските средства за информирање

1383783
Странски печат 24.03.2020

Еве некои позначајни случувања за кои известуваат странските средства за информирање

Шпанскиот весник „Ел Паис“ истакнува дека епидемијата во Шпанија се шири многу побрзо од епидемијата во Италија и на многу поголем простор.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“ истакнува дека Куба ги затвори границите за туристите, додека граѓаните кои се враќаат од странство ги става во карантин.

Аргентинскиот весник „Кларин“ истакнува дека беа уаспени двајца Французи и еден Холанѓанец кои не се придржуваа на правилата на карантин.

Францускиот весник „Ле Фигаро“ во ојбавува соопштението на Светската здравствена организација (СЗО) во кое беше истакнато дека расте интензитетот на ширењет на епидемијата.

Францускиот вескик „Ле Монд“ истакнува дека Франција влезе во втората недела од спроведувањео на карантинот во домовите и ги заостри мерките.

Швајцарскиот весник „Ле Темп“ истакнува дека Британија започнува со спроведување на карантинот во домовите која имплементација ќе трае три недели.

Германски „Дер Шпигел“ истакнва дека тестот на коронавирусот на канцеларката Меркел е негативен.

Германската медиумска компанија „Дојче Веле“ истакнува дека Германија одлуката за забрана за извоз на оруќје на Саудиска Араија ја суспенддира за уште 9 месеци.

Германскиот весник „Ди Велт“ истакнува дека коронавирусот, германската економија ќе ја чини стотици милијарди евра.

Рускиот весник „Известија“ истакнува дека Амбасадорот на Русија во САД, ја повика Невладината организација за следење на човековите права Хјуман рајтс воч да не објавува лажни информации во врска со борбата против Ковид-19 во Русија.

Руската новинска агенција „Регнум“ истакнува дека во Русија почна да расте каматната стапка на станбените кредити и депозитите.

Рускиот информативен веб портал „Газета.ру“ истакнува дека 14 руски воени авиони слетаа во Италија.

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Лондон истакнува дека по утврдувањето на првиот случај на зараза од коронавирусот во Сирија, режимот почна да ги заострува мерките.

Арапскиот весник „Ал Кудс Ал Араби“ истакнува дека прекините на водоснабдувањето го зголемуваат ризикот на ширење на коронавирусот во северисточните предели на Сирија.

Катарскиот информативен канал „Ал Џезира“ истакнува дека турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на телефонскиот разговор со емирот на Катар Шеик Темим бин Хамед ес-Сани разговарале за билатералните односи и борбата против коронавирусот.



Слични вести