Странски печат 23.03.2020

Еве некои од позначајните наслови во странските средства за информирање...

1383114
Странски печат 23.03.2020

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Поради коронавирусот 80 отсто од јавните службеници ќе продолжат да работат од дома.

Бахреинскиот весник „Ал Ајам“: Саудиска Арабија поради коронавирусот донесе забрана за излегување на улица од 19:00 до 06:00 часот, во текот на 21 ден. 

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: Во Америка за еден ден од коронавирусот починаа 100 лица... Вирусот стигна во Сенатот и еден член е заразен. 

Германскиот информативен портал „Ard.de“: Германската канцеларка Ангела Меркел ставена под карантин поради коронавирусот.

Германски „Дојче Веле“: Поради смртните случаи од новиот тип коронавирус во Германија е донесена забрана за собирање на исто место на повеќе од две лица.

Германскиот веб сајт „Zdf. de“: Карантинот поради коронавирусот го зголеми квалитетот на воздухот.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Шпанскиот премиер Педро Санчез побара нов Маршалов план од Европската унија (ЕУ), против кризата со коронавирусот.

Шпански „Ла Вангардија“: Во Шпанија од коронавирусот за еден ден животот го загубија 394 лица, бројот на починатите се зголеми на 1.720 лица, а на заболените на 28.572 лица. 

Аргентинскиот весник „Инфобае“: Самопрогласениот претседател во Венецуела Хуан Гуаидо го обвини претседателот на државата Николас Мадуро за криење на вистините во врска со коронавирусот и предупреди дека Венецуела се наоѓа на прагот на „катастрофа“.

Францускиот весник „Ле Монд“: Во Франција почина првиот лекар заболен од новиот тип коронавирус. 

Франски „Ле Паризиен“: Се шири забраната за излегување од домовите насекаде низ Франција.

Францускиот весник „Ле Фигаро“: Со смртта на 674 лица од кои 112 во последните 24 часа, епидемијата во Франција се проширува.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Во Русија се утврдени 71 нов случај на зараза од новиот тип коронавирус.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Во Русија се донесени 25,5 милиони заштитни маски од Кина.

Рускиот информативен портал „Lenta.ru“: Во Русија, поради коронавирусот би можеле да се одложат некои кредити.

 



Слични вести