Странски печат 20.03.2020

Еве некои позначајни случувања за кои известуваат странските средства за информирање

1381778
Странски печат 20.03.2020

Германски „Билд.де“ истакнува дека американскиот претсдетаел Доналд Трамп поради коронавирусот, го одложи Самитот на Г7. Самитот ќе се одржи преку видео конференција.

Германски „Дојче веле“ истакнува дека во Турција се зголемуваат мерките против коронавирусот.

Германски „Ард.де“ истакнува дека кај секој втор Германец постои страв од коронавирусот.

Арапски „Елџезите.нет“ истакнува дека коронавирусот, САД ги вовлече во стагнација и дека бројот на смртните случаи во Италија е многу поголем во споредба со Кина.

Арапски „Ел Кудс Ел Араби“ истакнува дека порада стравот од коронавирусот, Саудиска Арабија продолжува да ја одложува посетата на Ќаба и клањањето намаз.

Весникот „Ел Ватан“ истакнува дека во Судан беа утврдени 21 случај на заболување со симптоми на коронавирус.

Шпански „Ел паис“ истакнува дека половина од населението на Шпанија се плашат да не ја изгубат работата поради кронавирусот.

Шпански „Ел Мундо“ истакнува дека по новите илјадници случаи на коронавирус, Шпанија се подгтвува да ја продолжи изолацијата.

Аргентинскиот всник Инфобае истакнува дека Аргентина прогласи задолжителен карантин во земјата до 31 март.

Францускиот весник „Ле Монд“ истакнува дека францускиот претсдетаел ЕмануелМакрон се пожали дека поголемиот број француски граѓани не ги земаат за озбилно предупредувањата.

Францускиот весник „Ле Фигаро“ истакнува дека Парис и околината се територии кои најмногу потпаднаа под неповолното влијание на коронавирусот.

Белгискиот весник „Ле Суар“ истакнува дека според вирусологот Марк Ван Раст, епидемијата ќе потрае околу 10 недели.

Руската новинска агенција „ РИА новости“ истакнува дека во Русија почнаа тестовите на првата вакцина против коронавирусот.

Руската новинска агенција „ТАСС“ истакнува дека американскиот весник „Волстрит џорнал“ објави напис во кој се истакнува дека САД со цел да ја стабилизира ситуацијата на нафтените пазари постои можност да спроведе санкции врз Русија.

Руски „Известија“ истакнува дека експертите предупредуваат на пострашни и поопасни епидемии од коронавирусот.



Слични вести