Странски печат 19.03.2020

Еве некои позначајни случувања за кои известуваат странските средства за информирање

1380968
Странски печат 19.03.2020

Бахреинскиот весник „Ал-ејјам“ истакнува дека палестинскиот премиер Мухамед Иштије објавува нови иницијативи за спречување на ширењето на коронавирусот.

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Британија истакнува дека светската организација коронавирусот го прогласи за непријател на човештвото.

Арапскиот весник „Ал Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Британија истакнува дека Израел поради коронавирусот ќе ги затвори амбасадите во пет европски земји.

Францускиот весник „Ле Монд“ истакнува дека Европската централна банка со цел да ги смири пазарите се подготвува да објави еден историски план за итни случаи.

Францускиот весник „Ле Паризиен“ истанува дека илјада лица кои беа заразени од коронавирусот беа отпуштени од болница.

Швајцарскиот весник „Ле Темпс“ истакнува дека во е-трговија во Швајцарија се забележува голем раст.

Германската медиумска компанија „Дојче веле“ истакнува дека бројот на заразени од коронавирусот во Германија изнесува над 10 илјади.

Германскиот новински портал „Ханделсблат.цом“ истакнува дека според експертите, нема сличен застој и стагнација во светската економија која што се доживува поради епидемијата на коронавирусот и дека овој настан ќе остави длабоки последици врз светската економија.

Германски „Тагесшау.де“ истакнува дека ирската авиокомпанија Рианер објави соопштение во кое истакна дека почнувајќи од 24 март вторник ќе ги одлоќи сите летови.

Шпанскиот весник „Ел Паис“ истакнува дека во Мадрид, за само еден од коронавирусот умреа 88 лица.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“ ја објавува изјавата на шпанскиот крал Фелипе Шести кој рече дека „Вирусот не ќе може да не победи. Напротив ќе не направи посилни“.

Аргентинскиот весник „Кларин“ истакнува дека денес претсдетаелот Алберто Фернандез ќе донесе конечна одлука за тоа дали да се прогласи целосен карантин во земјата. Одлуката се поддржува и од страна на опозицијата.

Рускиот весник „Росијскаја газета“ истакнува дека во Русија постои можност да се зголемат рестриктивните мерки.

Рускиот весник „Известија“ истакнува дека се неоснвани информациите дека во Москва ќе се прогласи полициски час.

Руската новинска агенција „Регнум“ истакнува дека поради коронавирусот во Русија може да се најдат нови работи.



Слични вести