Странски печат 18.03.2020

Еве некои од позначајните наслови во странските средства за информирање...

1380321
Странски печат 18.03.2020

Германскиот информативен портал „Ard.de“: Германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“, поради коронавирусот го сопре производството во голем број свои фабрики.

Германски „Дојче Веле“: Советот на Европа ја предупреди Германија по прашањето на расизмот.

Германскиот информативен портал „Zdf.de“: Во Германија е зголемен степенот на ризик од епидемијата.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Кувајт за поддршка на борбата против коронавирусот и донираше на Светската здравствена организација (СЗО) 40 милиони долари.

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: Шпанија побара помош од Кина по прашањето на коронавирусот.

Оманскиот весник „Ал Ватан“: Кина ги започна клиничките тестирања на првата вакцина и  90 отсто од индустриските фирми го започнаа повторно производството.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Во Шпанија бројот на починатите од коронавирусот за еден ден се зголеми за приближно 54 отсто и се искачи на 184 лица.

Шпански „Ел Мундо“:  Лекарите во одделенијата за интензивна нега истакнаа дека доколку не се почитуваат превентивните мерки во Шпанија од коронавирусот би можеле да починат 56 илјади лица.

Аргентинскиот весник „Инфобае“: Колумбискиот претседател Иван Дуке за спречување на ширењето на пандемијата од коронавирусот прогласи вонредна состојба во земјата.

Францускиот весник „Ле Паризиен“: Франција се наоѓа во вториот ден од применувањето на карантин. Бројот на починатите се зголеми на 175, а на случаите на зараза на 7.730 лица.

Француски „Ле Фигаро“: Со ставањето во примена на карантин започнува нов период на живот за Французите.

Францускиот весник „Ле Монд“: Светот се соочува со коронавирусот... Бројот на починатите во САД изнеусва над 100 лица.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша указот за датумот на одржување на референдумот во врска со уставните измени.

Рускиот информативен портал „Regnum.ru“: Во Германија поради коронавирусот е упатен повик за укинување на санкциите коишто се спроведуваат врз Русија.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Германската канцеларка Ангела Меркел, остварениот разговор со претседателот Реџеп Тајјп Ердоган, францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Борис Џонсон, го окарактеризира како „мошне корисен“.



Слични вести