Странски печат 13.03.2020

Еве некои од позначајните наслови во странските средства за информирање...

1377476
Странски печат 13.03.2020

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Во Либан од коронавирусот животот го загубија 3 лица, а во Алжир е утврден првиот случај на зараза.

Бахреинскиот весник „Ал Ајан“: Соединетите Американски Држави (САД), по реализираниот напад врз нивните војници во Ирак, реализираа одмазднички напади. Не беа соопштени целите коишто беа погодени со реализираните напади во Ирак.

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: Во Саудиска Арабија се утврдени 17 нови случаи на зараза од коронавирусот.

Германскиот информативен портал „Ard.de“: Бројот на починатите од коронавирусот во Германија се зголеми на 6.

Германскиот веб сајт „zdf.de“: Реакција од Европската унија (ЕУ) против забраната за патување донесена од страна на Соединетите Американски Држави (САД).

Германски „Дојче Веле“: Рускиот претседателски дворец (Кремљ) соопшти дека ќе продолжи блиската соработка со Турција.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Поради коронавирусот во Шпанија нема да одат на училиште повеќе од 10 милиони ученици.

Парагвајскиот весник „Ултимахора“: Бројот на случаите на зараза во Парагвај се зголеми на 6, кај 119 лица постои сомневање од коронавирус.

Мексиканскиот весник „Ла Хорнада“: Поради стравот од Ковид-19 финансиските трансакции во финансискиот центар „Вол Стрит“ во Њујорк во Соединетите Американски Држави (САД), го допреа дното. Ова е најлоша состојба од 1987 година досега.

Францускиот весник „Ле Паризиен“: Претседателот Емануел Макрон соопшти дека поради коронавирусот е донесена одлука „до издавање на нова наредба“ да бидат затворени училиштата и универзитетите.

Француски „Ле Фигаро“: Кај сопругата на канадскиот премиер Џастин Трудо утврден коронавирус, а во рамките на превентивните мерки е ставен под карантин и канадскиот премиер Трудо.

Белгискиот весник „Ле Суар“: Пандемијата може да зарази повеќе од 13 илјади Белгијци.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Американскиот државен секретар Мајк Помпео ја соопшти намерата на воведените санкции кон руската нафтена компанија „Роснефт“.

Рускиот информативен портал: „Lenta.ru“: Руската валута Рубљата изгуби поголема вредност и од најбезвредната валута во светот.

Руската новинска агенција „Интерфакс“: Во Русија во последните 24 часа се утврдени 6 нови случаи на коронавирус.



Слични вести