Странски печат 11.03.2020
Еве некои од позначајните наслови во странските средства за информирање...

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган информира дека во вторник ќе одржи троен самит со францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел.
Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“: Кина соопшти дека коронавирусот е ставен под контрола.
Либанскиот весник „Ал Мустакбал“: Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека кај него нема коронавирус и дека здравствената состојба му е добра.
Германски „Дојче Веле“: Германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека коронавирусот би можел да се прошири на 60 до 70 отсто од населението во Германија.
Германскиот информативен портал „Handelsblatt.com“: Борбата околу цената на нафтата помеѓу Саудиска Арабија и Русија, стана причина за остар пад на цената на нафтата на глобалните пазари.
Германскиот веб сајт „Tageschau.de“: Коронавирусот ги зафати сите покраини – Германија се подготвува за поголем број случаи на зараза.
Шпанскиот весник „Ел Паис“: Шпанскиот премиер Педро Санчез им вети помош на семејствата, туристичкиот сектор и претпријатијата од мал и среден обем кои се подложени на влијанието на коронавирусот.
Шпански „Ла Вангардија“: Европската унија (ЕУ) ќе додели помош за борба против коронавирусот во износ од 25 милијарди евра.
Аргентинскиот весник „Инфобае“: Во Панама потврден првиот смртен случај на коронавирус во Централна Америка.
Францускиот весник „Ле Паризиен“: Личности од државниот врв во Франција се заразени од коронавирус.
Француски „Ле Фигаро“: Франција се подготвува против зголемувањето на брзината на ширење на болеста.
Белгискиот весник „Ле Суар“: Уапсено е едно лице кое продавало заштитни маски и гелови со изминат рок на употреба.
Рускиот информативен портал „НСН“: Поради противењето на Комунистичката партија (КПРФ) рускиот Парламент, нема да се одржат предвремени избори.
Руската новинска агенција „ТАСС“: Агенцијата за анализа на кредитен рејтинг (АКРА) предупреди во однос на прашањето за наближување на финансиската криза во Русија.
Рускиот весник „Комерсант“: Група составена од околу 100-тина лица во Москва протестираа против обидот за ресетирање на претседателскиот мандат на Путин.