Странски печат 09.03.2020

Еве некои од позначајните наслови во странските средства за информирање...

1374472
Странски печат 09.03.2020

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Доколку не бидат одржани дадените ветувања по прашањето на прекинот на огнот во подрачјето на Идлиб во Сирија, подрачјето на операцијата Пролетен штит ќе го исчистиме со сопствени можности.“

Бахреинскиот весник „Ал Ајан“: Португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуза стана првиот претседател кој сѐ стави себе си во карантин. Претседателот Соуза, во рамките на преземените мерки против коронавирусот ги откажа сите свои официјални програми во текот на две недели.

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: Поради коронавирусот за привремено е прекинато служењето на наргиле во кафетериите и рестораните.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Брегзит (излезот на Обединетото Кралство од Европската унија) се дочекува до загриженост од страна на 60 отсто од Шпанците.

Аргентинскиот весник „Инфобае“: Поради страв од влијанието на коронавирусот продолжува падот на азиските берзи.

Венецуелскиот телевизиски канал „Телесур“: Бројот на случаите на зараза од коронавирусот во Еквадор се зголеми на 15.

Францускиот весник „Ле Монд“: Кризата во Организацијата на земјите производители на нафта (ОПЕК), заедно со цените на нафтата доведе до колапс и на азиските берзи.

Швајцарскиот весник „Ле Темпс“: За борба против коронавирусот, една четвртина од Италијанците се ставени под карантин.

Францускиот весник „Либерасјон“: Коронавирусот предизвика Европската унија (ЕУ) да го изгуби својот ум.

Германски „Дојче Веле“: Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска ќе замине за белгискиот главен град Брисел на средба со претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фонд дер Лејен и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

Германскиот информативен портал „Spiegel.de“: Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган упати повик до властите на Грција да ги отворат вратите за мигрантите кои чекаат на границата со Турција, за да заминат за Европа.

Новинската агенција „Ројтерс“: Остар пад на цените на нафтата.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Турција соопшти дека доколку не се почитува постигнатиот договор со Русија ќе премине во акција во Идлиб.

Рускиот весник „Известија“: Северна Кореја, поради коронавирусот ги евакуира странците во Русија.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Русија се наоѓа меѓу трите водечки земји во извозот на оружје во светот.



Слични вести