Странски печат 04.03.2020

Еве некои од позначајните наслови во странските средства за информирање...

1371689
Странски печат 04.03.2020

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: Во Саудиска Арабија во последните 24 часа нема случај на зараза од коронавирусот.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Во Султанатот Оман се заразени 12 лица од новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Саудискиот весник „Ватан“: Гробиштата во Јемен се претворени со магацини за оружје на Иран.

Германскиот информативен портал „Velt.de“: Турција сруши воен авион на Асадовиот режим.

Германски „Spiegel.de“: Супер вторник во Соединетите Американски Држави (САД). Претседателскиот кандидат на демократите Џо Бајден ги доби првичните избори во 10 сојузни држави. Неговиот противник Берни Сандерс пак, води во само 3 сојузни држави.

Германски „Дојче Веле“: Франција најави реквизиција на залихите на заштитни маски коишто интензивно се трошат. Поради случаите на зараза од коронавирусот коишто нагло се зголемуваат француската влада најави реквизација на големи залихи заштитни маски. Украдени се маски и во болниците во Франција и во Германија.

Рускиот информативен портал „Lenta.ru“: Во Русија е евидентирана зараза од коронавирусот кај 6 лица.

Руската интернет страница „Gazetem.ru“: Портпаролот на претседателскиот дворец Дмитриј Песков истакна дека Кремљ се надева дека ќе се намали ризикот од судир помеѓу Русија и Турција во Идлиб.

Рускиот информативен портал „Rusian.rt“: Руските амбасадори ставени во карантин во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), а кај двајца руски спортисти се утврдени симптоми на зараза од новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Францускиот весник „Ле Фигаро“: Бројот на починатите од коронавирусот во Франција се зголеми на 4 лица, а се регистрирани 212 случаи на зараза.

Француски „Ле Монд“: Расте мобилизацијата против заканата од коронавирусот во Франција.

Белигискиот весник „Ле Суар“: На првата седница на Националното Собрание е усвоен нацрт законот за пензиски реформи.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Владата подготвува низа превентивни мерки за подобрување на финансиската состојба на фирмите подложени на негативното влијание од коронавирусот.

Шпански „Ел Мундо“: Претседателот на Ел Салвадор Најиб Букеле нареди членовите на бандите кои се наоѓаат во затвор во земјата „да не можат да видат ниту сончева светлина“. Претседателот Букеле оваа одлука ја донесе откако од страна на членовите на бандите кои се наоѓаат надвор убија еден 28 годишен војник.

Венецуелскиот телевизиски канал „Телесур“: Поранешниот боливиски претседател Ево Моралес истакна дека повторно ќе му се врати угледот на народот на Боливија.



Слични вести