Странски печат 25.02.2020

Еве некои од позначајните наслови во странските средства за информирање...

1365775
Странски печат 25.02.2020

Германскиот весник „Зудојче Цајтунг“: Германската авиокомпанија Луфтханса ги продолжува летовите за Италија кадешто се евидентирани смртни случаи и заразени лица од коронавирусот.

Германски „Дојче Веле“: Коронавирусот продолжува да се шири низ светот.

Германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“: Германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас упати повик за глобална борба против расизмот.

Саудискиот весник „Ал Шарл Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: Во Бахреин е потврден нов случај на зараза од коронаворусот, а во Кувајт се потврдени два нови случаи со зараза.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Поради коронавирусот Кувајт ги откажа прославите на Националниот ден.

Весникот „Бејан“ кој се објавува во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ): Кај две лица кои од Иран пристигнале во Оман е евидентиран коронавирус.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Шпанија ги изработува своите планови за итна состојба во болниците против коронавирусот.

Аргентинскиот весник „Ел Кларин“: Новоизбраниот претседател на Уругвај Луис Лакале Поу рече дека сака да ги отвори граничните премини на својата земја за примање на илјадници мигранти.

Аргентинскиот весник „Инфобае“: Специјалниот советник на Европската унија (ЕУ) за Венецуела Енрике В. Иглесиас за одржување на „слободни и праведни“ претседателски избори во почетокот на март ќе отпатува за главниот град на Венецуела Каракас.  

Рускиот информативен портал „Rambler.ru: Според вреднувањето на консултантската компанија „Бранд Финанс“, рускиот претседател Владимир Путин стана втор лидер кој ужива најголем углед во светот.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Министерството за надворешни работи на Владата на национално единство на Либија истакна дека присуството на турските војници ја воспостави рамнотежата во околината на главниот град Триполи.

Рускиот весник „Известија“: Украина сака да ги крене од своите библиотеки книгите објавени во времето на Сојузот на Социјалистичките Советски Републики (СССР).

Францускиот весник „Ле Фигаро: Светот треба да биде подготвен за евентуална епидемија поради коронавурисот.

Францускиот телевизиски канал „Франс24“: Европската унија (ЕУ) по остварувањето на Брегзит (излезот на Велика Британија од Унијата) запали зелено светло за започнување на трговските разговори со Лондон.

Францускиот весник „Ле Монд“: По осум дневните дискусии во Собранието е усвоен првиот член за пензиските реформи.


Тагови: #пензиските реформи , #Ле Монд , #Лондон , #трговските разговори , #запали зелено светло , #Брегзит , #Европската унија (ЕУ) , #Франс 24 , #епидемија , #Ле Фигаро , #Сојузот на Социјалистичките Советски Републики (СССР) , #Украина , #Известија , #Триполи , #рамнотежата , #турските војници , #претседателот на Владата на национално единство на Либија , #РИА Новости , #најголем углед , #Владимир Путин , #консултантската компанија , #Бранд Финанс , #Каракас , #претседателски избори , #слободни и праведни , #Венецуела , #Инфобае , #мигранти , #граничните премини , #Уругвај , #Луис Лакале Поу , #Ел Кларин , #Шпанија , #Ел Паис , #евидентиран коронавирус , #Оман , #Иран , #Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) , #Бејан , #Кувајт , #зараза , #Бахреин , #Ал Шарк Ал Авсат , #борба против расизмот , #Хеико Мас , #Франкфуртер Алгемајне Цајтунг , #Дојче Веле , #коронавирусот , #евидентирани смртни случаи , #Италија , #германската авиокомпанија Луфтханса , #Зудојче Цајтунг

Слични вести