Странски печат 21.02.2020

Еве некои од позначајните наслови во странските средства за информирање...

1363703
Странски печат 21.02.2020

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: Берлинската конференција упати повик за траен прекин на огнот во Либија.

Бахреинскиот весник „Ал Ајам“: Американскиот државен секретар Мајк Помпео во Ријад примен од страна на саудискиот крал Салман бин Абдулазиз.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Официјална Анкара истакна дека не постои силна меѓународна волја за да се обезбеди крај на судирите во Либија.

Германски „Дојче Веле“: Амбасадорот на Турција во Берлин Али Кемал Ајдин, во врска со нападот во Ханау рече: „Се наоѓаме на точка кадешто пресушуваат зборовите“.

Германскиот информативен портал „Welt.de“: Европскиот производител на авиони Ербас ќе отпушти од работа 2.300 вработени од кои повеќето во Германија.

Германскиот веб сајт „Handelsblatt.com“: Претседателот на Институтот за светска економија Габриел Фелбермајр рече дека со секој поминат ден расте штетата на коронавирусот на светската економија.

Францускиот весник „Ле Паризиен“: Во Франција протестираа 92 илјади лица против пензиските реформи, но опозиционерите се соочуваат со тешкотии во убедување на народот да учествува на протестите.

Француски „Ле Монд“: Владата соопшти дека се прекинати активностите за истражување на нафта во морето во близина на Франција.

Францускиот весник „Ле Фигаро“: Европската унија (ЕУ) побара од Дамаск (сирискиот режим) да стави крај на нападите во Идлиб.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Шпанскиот премиер Педро Санчез предлогот во врска со новиот буџет на Европската унија (ЕУ) го оцени како „разочарување“.

Шпански „Ел Мундо“: Врховниот изборен суд на Боливија спречи поранешниот претседател Ево Моралес да се кандидира за сенатор на изборите закажани за мај.

Аргентинскиот весник „Инфобае“: Групата од Лима истакна дека „болката на народот во Венецуела достигна до неиздржлив степен“ и упати повик за одржување на „слободни, праведни и доверливи“ претседателски избори.

Рускиот информативен портал „Lenta.ru“: Францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел му предложија на рускиот претседател Владимир Путин да одржат заедничка средба со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Рускиот весник „Известија“: Експерти наредија од што најмногу се загрижени руските граѓани во случај Путин да ја напушти функцијата. Руските граѓани најмногу се загрижени од започнување на војна за власт, наново распределување на имотната сопственост и од губење на авторитетот на Русија.



Слични вести