Странски печат 19.02.2020
Еве некои од позначајните наслови во странските средства за информирање...

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: Ќе се одржи нова рунда разговори помеѓу Турција и Русија по прашањето со Идлиб.
Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: На израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе му се суди на 17 март.
Весникот „Бејан“ кој се објавува во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ): Бројот на починатите од коронавирусот во Кина ја надмина бројката од 2 илјади лица.
Германскиот весник „Берлинер Моргенпост“: Борбата против екстремната десница е на правилен пат.
Германски „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“: Дали Блумберг е последната надеж за умерените демократи?
Шпанскиот весник „Ел Мундо“: Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), ги предупреди меѓународните компании против тешкотиите коишто ги доживуваат при ширење меѓу областите и деловните активности во Шпанија: „Шпанија не е единствен пазар“.
Шпански „Ел Паис“: Шпанската влада работи на низа закони со коишто ќе се отежне системот на право на азил.
Аргентинскиот весник „Кларин“: Нетфликс се договори со Аргентина во врска со продукцијата „Етернаута“, научно-фантастична продукција со висока сума пари.
Францускиот телевизиски канал „Франс 24“: Францускиот претседател Емануел Макрон изјави во градот Мулхоус дека политичкиот ислам нема свое место во Франција.
Белгискиот весник „Ле Суар“: Коронавирусот уште отсега ја потресува економијата на Белгија.
Швајцарскиот весник „Ле Темпс“: Конкуренцијата помеѓу Кина и САД ги парализира Обединетите нации (ОН).
Руската новинска агенција „РИА Новости“: Откако САД не им издадоа виза на руските дипломати, Русија ги повика Обединетите нации (ОН) на вонреден состанок.
Руската новинска агенција „ТАСС“: По укинувањето на карантинот двајца руски граѓани го напуштија бродот крузер „Дајмонд Принцес“ во Јапонија.
Рускиот информативен портал „Lenta.ru“: Рускиот премиер Михаил Мишустин го забрани за привремено влезот на Кинезите во Русија.