Странски печат 17.02.2020

Еве некои од позначајните наслови во странските средства за информирање...

1360652
Странски печат 17.02.2020

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: Во Идлиб и Алепо од декември досега се раселени 1 милиони луѓе.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Соединетите Американски Држави (САД) почнаа повторно да и доставуваат воена поддршка на Сомалија.

Весникот „Бејан“ кој се објавува во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ): Мерките коишто ги презеде Кина предизвикаа назадување на ширењето на коронавирусот.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Берлин и Париз, се обидуваат да ја привлечат Шпанија кон француско-германската оска.

Аргентинскиот весник „Инфобае“: Поранешниот боливиски претседател Ево Маролес соопшти дека ноќеска од Куба каде што побара политички азил, се вратил во Аргентина.

Кубанската новинска агенција „Пренса Латина“: Амбасадорите на Куба и Кина во Перу разговараа за користењето на кубанскиот лек против коронавирусот во Кина.

Германскиот весник „Ди Велт“: Бројот на починатите од коронавирусот во Кина се зголеми на 1.770 лица.

Германскиот информативен портал „Stern.de“: Поврзаноста со Финска на екстремно десничарската ќелија во Германија.

Германски „Дојче Веле“: Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече дека проблемите во регионот се вештачки.

Францускиот весник „Ле Фигаро“: Критичниот План за реформа на пензискиот систем (во Франција) доставен до Националното Собрание.

Францускиот телевизиски канал „Франс 24“: Бурата Денис ги зафати Обединетото Кралство и Франција.

Швајцарскиот весник „Ле Темпс“: Според Светската здравствена организација (СЗО), невозможено е да се изнесе одредено предвидување во врска со ширењето на вирусот Ковид-19.

Рускиот весник „Комерсант“: Турција го намалува купувањето на природниот гас од Гаспром.

Руски „Известија“: Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, го оцени за апсурдно тоа што соработката меѓу Русија и Европската унија (ЕУ) се обусловува со Украина.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг  соопшти дека Алијансата води интензивни и отворени дискусии со Русија.


Тагови: #Алијансата , #Јенс Столтенберг , #НАТО , #ТАСС , #Украина , #Европската унија (ЕУ) , #Русија , #Сергеј Лавров , #Известија , #Гаспром , #природниот гас , #Турција , #Комерсант , #вирусот Ковид-19 , #Светската здравствена организација (СЗО) , #Ле Темпс , #Обединетото Кралство , #бурата Денис , #Франс 24 , #Националото Собрание , #Франција , #планот за реформа на пензискиот систем , #Дојче Веле , #Германија , #есктремно десничарската ќелија , #Финска , #починатите , #Ди Велт , #коронавирусот во Кина , #кубанскиот лек , #Перу , #Пренса Латина , #Аргентина , #политички азил , #Куба , #Ево Моралес , #Инфобае , #француско-германската оска , #Шпанија , #Париз , #Берлин , #Ел Паис , #коронавирусот , #ширењето на коронавирусот , #Кина , #Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) , #Бејан , #Сомалија , #САД , #Соединетите Американски Држави (САД) , #Ал Раја Ал Катарија , #раселени , #Алепо , #Идлиб , #Ал Шарк Ал Авсат

Слични вести