Странски печат 20.02.2020

Еве некои позначајни случувања за кои известуваат странските средства за информирање

Странски печат 20.02.2020

Саудискиот весник Ал Шарк Ал Авсат кој се објавува во Велика Британија го објавува соопштението на Саудиска Арабија во кое се истакнува дека немаат никаква врска со Израел и дека немаат никакви планови да остварат средби во иднина.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“ истакнува дека во недела во Ирак ќе се формира нова влада.

Оманскиот весник „Ватан“ истакнува дека Ирак започна воена операција по границите со цел да ги уништи преостанатите терористи.

Францускиот весник „Ле Монд“ истакнува дека синдикатите во Франција го повикаа здравствениот персонал на штрајк.

Францускиот весник „Ле Паризиен“ истакнува дека глобалното затоплување со загревање на температурата на над  -20 степени постигнува нов рекорд на Антарктикот.

Францускиот весник „Ле Фигаро“ ја објавува изјавата на еден алжирски министер кој рече дека атомската бомба која што Франција ја исфрли на југот на земјата е прашање кое чека да се реши со Франција.

Германски Дојче веле истакнува дека денес во Минхен започнува Минхенската безбедносна конференција.

Германски Ди Велт ја објавува изјавата на министерот за внатрешни работи на Германија, Сеховер кој предупреди на нова бегалска криза.

Германски Зидојчле цајтунг истакнува дека беше забележано рекордно покачување во бројот на заразени од коронавирусот во Кина.

Шпански Ел Паис истакнува дека Владата и Светската здравствена организација го критикуваа одложувањето на Саемот на Светскиот мобилен конгрес 2020 кој се планираше да се одржи во Барцелона поради загриженоста од ширење на епидемијата на коронавирусот.

Ел Мундо истакнува дека шпанските студенти и покрај Брегзит сакаат да студираат во Британија.

Венецуелскиот ТВ-канал Телесур истакнува дека Заводот за невработеност на Колумбија ги негираше обвинувањата на претседателот Иван Дуке и го повика народот на штрајк.

Руската новинска агенција „ТАСС“ истакнува дека Амбасадата на Русија во САД, новите американски санкции ги оцени како нов отскок на русофобијата.

Руската новинска агенција „РИА Новости“ истакнува дека Пентагон на новото руско оружје смета како на закана за својата нуклеарна сила.

Рускиот весник „Известија“ истакнува дека Украина го објави датумот на екстрадиција на своите граѓани од Кина



Слични вести