Странски печат 13.02.2020

Еве некои од позначајните наслови во странските средства за информирање...

Странски печат 13.02.2020

Арапскиот весник „Ал Кудс Ал Араби“: Претседателот на Берзата за дијаманти на Дубаи Ахмед бин Сулајем учествуваше на една изложба на скапоцен накит во Израел.

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: Продолжува прекршувањето на прекинот на огнот во Триполи... Претседателот на Владата на национално единство на Либија Сараџ упати повик за ставање крај на надворешните интервенции.

Телевизискиот канал „Ал Џезира“: Турција истакна дека ќе го извади сирискиот режим од подрачјето на своите контролни пунктови.

Германскиот информативен портал „n-tv.de“: Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ја зголеми дозата на закана против Сирија.

Германски „Spiegel.de“: Германската влада ја дозволи продажбата на оружје на Турција и на Обединетите Арапски Емирати.

Германскиот веб сајт „Merkur.de“: Коронавирусот во Германија – Светската здравствена организација (СЗО) и даде ново официјално име на болеста. Во Германија приближно 200 лица се наоѓаат под карантин.

Францускиот весник „Ле Фигаро“: Градот Идлиб во Сирија на прагот на една досега невидена слична човечка криза.

Француски „Ле Монд“: Обединетите нации (ОН) утврдија 112 фирми кои делуваат (работат) во населбите во Израел.

Швајцарскиот весник „Ле Темпс“: Швајцарија е ранлива пред сајбер нападите.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Организаторите, поради кризата со коронавирусот го откажаа Светскиот мобилен конгрес во Барселона.

Аргентинскиот весник „Инфобае“: Американскиот претседател Доналд Трамп го пречека во Белата куќа претседателот на Еквадор Ленин Морено и истакна дека САД се спремни за постигнување трговски договор со Еквадор.

Венецуелскиот телевизиски канал „Телесур“: Венецуелскиот претседател Николас Мадуро упати повик до младите во земјата да бидат подготвени за одбрана на суверенитетот на регионот против нападите.

Рускиот информативен портал „Gazetem.ru“: Официјална Москва истакна дека доколку не бидат донесени забрзани одлуки Русија и Турција би можеле да бидат успешни.

Рускиот веб сајт „Lenta.ru“: Новоназначениот кинески генерален конзул во градот Екатеринбург во Русија, ставен под карантин од 2 недели.

Рускиот весник „Комерсант“: Овој месец во Думата ќе биде разгледан нацрт законот за двојно државјанство за странците во Русија.



Слични вести