Странски печат 07.02.2020

Еве некои од позначајните наслови во странските средства за информирање...

1354987
Странски печат 07.02.2020

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Турција го зајакна своето присуство во Идлиб.

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: Кинескиот претседател Ши Џинпинг му рече на американскиот претседател Доналд Трамп дека неговата земја располага со сила да води борба против коронавирусот.

Оманскиот весник „Ватан“: Ирак го повтори својот став за протерување на странските војници од земјата.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Шпанија го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп дека трговското непријателство ја доведува во опасност поголемата соработка.

Мексиканскиот весник „Ла Хорнада“: Американскиот претседател Доналд Трамп се спаси од импичмент и ја нарече опозицијата „болна“.

Аргентинскиот весник „Кларин“: Умре платениот убиец на наркобосот Ескобар, познат по прекарот „Попај“.

Францускиот весник „Ле Монд“: Светската банка, за борба против обезноста препорача да биде воведен данок за некои прехранбени производи.

Француски „Ле Фигаро“: На 20 февруари се предвидуваат нови штрајкови и протести против пензиските реформи во Франција.

Францускиот весник „Ле Паризиен“: Француската држава ги постави на мета компаниите Аир Франс, Акор и Рено во врска со дискриминацијате во вработувањето.

Германски „Дојче Веле“: 130 идејни лидери во Германија упатија повик за ослободување на основачот на Викиликс Џулијан Асанж.

Германскиот информативен портал „Zeit Online“: Силен повик од Обединетите нации (ОН) за прекин на огнот во сириски Идлиб.

Германскиот весник „Ди Велт“: Убиен лидерот на Ал Каеда во Јемен Касим ал Рими.

Рускиот информативен портал „Gazetem.ru“: Рускиот премиер Михаил Мишустин дозволи да бидат соопштени приходите на неговото семејство.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Списанието Форбс ја објави листата на најбогатите Руси.

Рускиот информативен портал „Lenta.ru“: Велика Британија одлучи да укине еден дел од санкциите против Русија.



Слични вести