Странски печат 04.02.2020

Еве некои од позначајните наслови во странските средства за информирање...

1352740
Странски печат 04.02.2020

Германски „Дојче Веле“: Ердоган: Не ја признаваме илегалната анексија на Крим. Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за време на својата посета на Украина ја постави на дневен ред анексијата на Крим. Ердоган рече: „Би сакал да подвлечам дека како Турција не ја признаваме илегалната анексија на Крим.“

Германскиот информативен портал „Bild.de“: Два нови случаи на коронавирус во Германија. Едно дете беше заразено од својот татко. Евидентирани се 12 случаи од кои 10 во покраината Баварија и 2 во Франкфурт.

Германски „ZDF.de“: По загинатите турски војници, Турција започна операција за одмазда против Сирија.

„Ал Џезира“: Потврдено е дека одржаниот состанок помеѓу Нетанјаху ел-Бурхан и еден судански функционер, бил координиран од страна на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Палестинците тоа го оценуваат како удар од зад грб.

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ којшто се објавува во Велика Британија: Светската здравствена организација (СЗО) предупреди по прашањето на „епидемија од информации“ коишто му се придаваат на ширењето на коронавирусот.

Шпанскиот весник „Ла Вангардија“:Шпанскиот крал Фелипе Шести говореше на отворањето на новата законодавна година: Шпанија не може да биде во меѓусебен судир. Шпанија треба да биде за сите и да му припаѓа на секого:“

Аргентинскиот весник „Инфобае“:Лидерите на Партијата за социјалистичко движење (МАС) потврдија дека Ево Моралес на изборите што ќе се одржат во мај во Боливија ќе се кандидира за сенатор.

Венецуелскиот телевизиски канал „Телесур“:Владата на Венецуела објави соопштение во кое се истакнува дека ќе биде во солидарност со Кина против епидемијата на новиот тип коронавирус.

Руската новинска агенција „РИА Новости“:Рускиот заменик министер за надворешни работи Михаил Богданов се состана со амбасадорот на Турција во Москва Мехмет Самсар.

Рускиот информативен портал „Gazetem.ru“:Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара помош од Турција за ослободување на Украинците кои се наоѓаат во руските затвори.

Рускиот веб-сајт „Lenta.ru“:Нова превентивна мерка од Русија... Странците заразени од коронавирусот ќе бидат депортирани.

Францускиот весник „Ле Фигаро“:Олеснителни зборови од директорот за здравство кој рече дека во Франција нема епидемија на коронавирус.

Француски „Ле Монд“:Насекаде низ Европа владее страв од коронавирус.

Белгискиот весник „Ле Суар:372-јца поранешни затвореници поради тероризам, сѐ уште се наоѓаат под надзор во Белгија.


Тагови: #Белгија , #затвореници , #тероризам , #Ле Суар , #Европа , #Ле Монд , #епидемија на коронавирус , #Франција , #Ле Фигаро , #депортирани , #Русија , #ослободување , #руските затвори , #Украинците , #Володимир Зеленски , #Москва , #амбасадорот на Турција , #Мехмет Самсар , #Михаил Богданов , #РИА Новости , #епиденијата на новиот тип коронавирус , #Кина , #Венецуела , #Телесур , #Партијата за социјалистичко движење (МАС) , #Ево Моралес , #Боливија , #Инфобае , #Шпанија , #шпанскиот крал Фелипе Шести , #Ла Вангардија , #коронавирусот , #Светската здравствена организација (СЗО) , #епидемија , #Ал Шарк Ал Авсат , #удар од зад грб , #Палестинците , #Обединетите Арапски Емирати , #Ал Џезира , #Сирија , #загинатите , #турски војници , #Германија , #нови случаи , #коронавирус , #Турција , #Украина , #Реџеп Тајјип Ердоган , #илегалната анексија , #Крим , #анексија на Крим , #Дојче Веле

Слични вести