Странски печат 16.01.2020

Еве некои од позначајните наслови во странските средства за информирање...

1341771
Странски печат 16.01.2020

Весникот „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: Рускиот лидер Владимир Путин по повикот за реформа го наименува новиот премиер.

Бахреинскиот весник „Ал Ајам“: Канадскиот министер за транспорт рече дека за испитување на украинскиот патничкиот авион кој се сруши во Иран, ќе врши истражување и делегација составена од канадски експерти.

Катарскиот весниик „Ал Раја Ал Катарија“: Во воздушните напади на Асадовиот режим и Русија врз Идлиб загинаа 9 лица.

Рускиот информативен портал „Gazetem.ru“: Барањето на рускиот претседател Владимир Путин за реформа во системот на управување, доведе до оставка на владата.

Рускиот веб сајт „Lenta.ru“: Рускиот претседател Владимир Путин сака да го измени Уставот.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Портпаролот на претседателот на Чеченија Рамазан Кадиров истакна дека претседателот Кадиров е болен.

Францускиот телевизиски канал „Франас 24“: Во врска со импичментот на американскиот претседател Доналд Трамп стапува во акција Сенатот.

Францускиот весник „Ле Паризиен“: На еден ден пред одржувањето на нови протести против реформата на пензискиот систем, француската влада го заострува својот став.

Францускиот весник „Либерасјон“: Брз раст на продажбата на земјоделските лекови во Франција во 2018 година.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: По критиките на претседателот на левичарската партија Подемос и вицепремиерот на Шпанија Иглесиас во врска со правдата, судството побара од Иглесиас да делува со „инстутиционална одговорност“.

Шпански „Ел Мундо“: Владата на Санчез ќе располага со право на избор на идниот претседател на Независната институција за финансиска одговорност (AIReF) на земјата.

Венецуелскиот телевизиски канал „Телесур“Чилеанскиот претседател Пинера соопшти дека ќе биде направена нова реформа во системот на платите.

Германски „Дојче Веле“: Иран ја заплашува Европа велејќи дека војниците на европските земји се наоѓаат во опасност.

Германскиот весник „Зудојче Цајтунг“: Германската економија изгуби интензитет.

Германски „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“: Германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер ги посети германските војници во Јордан.



Слични вести