Странски печат 14.01.2020

Еве некои од позначајните наслови во странските средства за информирање...

Странски печат 14.01.2020

Германскиот информативен портал „Tageschau.de“: Претседателот на Турција Реџеп Тајјип Ердоган на 19 јануари ќе допатува во Германија.

Германски „Дојче Веле“: По убиството на Касим Сулејмани дојде до покачување на цените на нафтата.

Германскиот веб сајт „Spiegel.de“: Германските војници ќе останат во Ирак.

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: Иран ја предупреди Велика Британија да не се меша во неговите внатрешни работи.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: По 100 дена се вжештија протестите во Ирак.

Бахреинскиот весник „Ал Ајам“: Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) за неколку месеци ќе ја стават во примена својата прва нуклеарна централа.

Рускиот весник „РБК“: Халифа Хафтар ја напушти Москва без да потпише договор.

Рускиот информативен портал „Lenta.ru“: Естонската претседателка Керсти Каљулаид раскажа за надежите на нејзината земја кон Русија, за време на власта на Борис Елцин.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Руската владејачка партија „Единствена Русија“ го одби предлогот за воведување данок за домаќинките.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“: Шпанскиот премиер Педро Санчез ја формира најголемата влада во Европската унија (ЕУ), составена од 4 вицепремиери и 18 министри.

Шпански „Ел Паис“: Поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон ја започна својата должност како пратеник во Европскиот парламент (ЕП), додека шпанската влада побара да му се укине имунитетот.

Чилеанскиот весник „Ла Терцера“: Венецуелската влада ги отфрли санкциите коишто САД во понеделникот ги воведоа против опозицискиот лидер Луис Пара кој беше избран за претседател на Националното Собрание.

Францускиот весник „Ле Паризиен“: Силите Баркане, односно француските војници на задача во областа Сахел во Африка - Францускиот претседател Емануел Макрон информира дека во областа Сахел ќе бидат испратени 220 дополнителни војници.

Француски „Ле Монд“: Реформата на пензискиот систем во Франција - Во 2021 година е одделен буџет во висина од 500 милиони евра за зголемување на платите на просветните работници.

Францускиот весник „Ле Фигаро“: Протестот на 9 јануари - Во Париз се покренати две нови истраги во врска со насилството на полицијата.


Тагови: насилството на полицијата , нови истраги , Ле Фигаро , просветните работници , Франција , реформата на пензискиот систем , Ле Монд , Ле Паризиен , дополнителни војници , Емануел Макрон , Африка , областа Сахел , Баркане , шпанската влада , укине имунитетот , Европскиот парламент (ЕП) , Карлес Пуџдемон , министри , вицепремиери , Ла Терцера , Ел Паис , Европската унија (ЕУ) , Педро Санчез , Ел Мундо , домаќинките , воведување данок , Единствена Русија , РИН Новости , Борис Елцин , Русија , Керсти Каљулаид , Москва , Халифа Хафтар , внатрешните работи , преудпреди , Иран , Велика Британија , нуклеарна централа , Обединетите Арапски Емирати , вчештија протестите , Ал Ајам , Ал Раја Ал Катарија , Ал Шарк Ал Авсат , Ирак , германските војници , веб сајт , покачување на цените на нафтата , Касим Сулејмани , Дојче Веле , Германија , Реџеп Тајјип Ердоган

Слични вести