Странски печат 10.01.2020
Еве некои од позначајните наслови во странските средства за информирање...

Францускиот телевизиски канал „Франс 24“: Според канадскиот премиер Џастин Трудо, срушениот украински патнички авион од типот Боинг е погоден со иранска ракета.
Францускиот весник „Ле Фигаро“: Во нацрт законот за реформа на пензискиот систем отворено се истакнува „старосната рамнотежа“.
Француски „Либерасјон“: Демонстрантите се уште ги продолжуваат своите протести против реформата на пензискиот систем.
Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: Соопштено е дека постојат „докази“ за тоа оти украинскиот патнички авион е срушен со иранска ракета. Канада, Велика Британија и американското разузнавање сметаат дека авионот е погоден по грешка.
Арапскиот весник „Ал Кудс Ал Араби“ кој се издава во Лондон: Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека Касим Сулејмани бил убиен поради тоа што Иран планирал да ја бомбардира Амбасадата на САД во Багдад.
Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Иранскиот Парламент го внесе американскиот секретаријат за одбрана Пентагон во списокот со терористи.
Шпанскиот весник „Ел Паис“: Бројот на жителите во Шпанија поради миграцијата достигна до највисоко ниво во историјата.
Аргентинскиот весник „Диарио де Кујо“: Претседателот Алберто Фернандес го достави планот „Аргентина може“. Тој рече: Ќе ја одржиме Аргентина на нозе“. Планот има за цел да создаде 20 илјади вработувања во Буенос Аирес.
Костариканскиот весник „Ла Национ“: Економијата на Коста Рика ќе биде подложена на влијанието на спорот помеѓу САД и Иран којшто кулминира.
Рускиот информативен портал „Lenta.ru“: Постојат сомневања дека САД можеби ја набљудувале т.ј. забележале ракетата за која што се тврди дека го погодила украинскиот патнички авион од типот Боинг 737-800.
Руската новинска агенција „РИА Новости“: Европската федерација на новинари (EFJ) го информира Советот на Европа по прашањето на тоа дека се прекршуваат правата на новинарите кои работат во агенцијата Спутник во Естонија.
Рускиот весник „Известија“: Русија ги повика сите страни да се однесуваат воздржано по прашањето со Иран.
Германски „Дојче Веле“: Турско-исламската унија за верски прашања (ДИТИБ) почна да обучува имами (оџи) во Германија.
Германскиот информативен портал „Handelsblatt.com“: Во период кога иранската затегнатост врши притисок врз глобалните пазари, цената на златото достигна до највисокото ниво од 2013 година досега.
Германскиот веб-сајт „Deutschlandtodey“: Членот на Европскиот парламент (ЕП) Александер Граф Ламбсдорф ја покани германската влада да вложува поголеми дипломатски напори по прашањето со Иран.