Странски печат 08.01.2020

Еве некои од позначајните наслови во странските средства за информирање...

1336675
Странски печат 08.01.2020

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Постигнат договор помеѓу Турција и Алжир, по прашањето со Либија.

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: По убиството на Касим Сулејмани во воздушен напад на САД е доживеан раст во цените на нафтата и златото.

„Либанскиот весник „Ел Мустакбал“: Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека нема да го остават Ирак на Иран и дека доколку Иран изврши напад ќе го добие одговорот.

Шпанскиот весник „Ла Вангардија“: Шпанските војници распоредени во Багдад поради безбедносни причини го напуштаат Ирак.

Шпански „Ел Мундо“: Хуан Гуаидо кој претходно положи заклетва како привремен претседател на Венецуела, успеа да влезе во Парламентот.

Кубанската новинска агенција „Пренса Латина“: Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро истакна дека и покрај затегнатоста неговата земја ќе ја продолжи трговијата со Иран.

Францускиот весник „Ле Фигаро“: Ирачкиот Парламент ја повика Владата да ги протера надвор од земјата единиците на меѓународната коалиција.

Францускиот телевизиски канал „Франс 24“: Дали САД ќе ги погодат културните знаменитости на Иран? Трамп отстапи по ова прашање.

Рускиот информативен портал „Gazetem.ru“: Портпаролката на министерството за надворешни работи на Руската Федерација Марија Захарова истакна дека американските политичари своите неуспеси секогаш ги прикриваат со надворешни влијанија и дека затоа за свои непријатели ги прогласуваат Русија, Кина и земјите на Блискиот исток.

Информативниот портал „Türkrus.ru“: Блискоисточен самит под светлината на гасот - Главни точки на дневниот ред на лидерите кои свечено ќе го пуштат во употреба гасоводот Турски тек, ќе бидат Либија, Сирија и Иран.

Рускиот веб-сајт „Lenta.ru“: Украинскиот претседател Володимир Зеленски поради падот на украинскиот патнички авион во близина на иранскиот главен град Техеран ја прекина својата надворешна посета и се врати во земјата.

Германскиот информативен портал „T-Online“: Иранската Револуционерна гарда изврши напади врз американските војници во Ирак.

Германскиот весник „Ди Велт“: Во стампедото до кое дојде на погребот на Касим Сулејмани, има најмалку 50 загинати.

Германскиот информативен портал „Spiegel Online“: Копретседателите на Социјалдемократската партија (СПД) коалиционен партнер во Германија Норберт Волтер-Борјанс и Саскиа Ескен истакнаа дека Германија треба да извезува помалку оружје.



Слични вести