Странски печат 06.01.2020
Еве некои од позначајните наслови во странските средства за информирање...

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Дали фитилот на Третата светска војна ќе биде запален од Ирак?
Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“: Ирачките демонстранти сакаат да престане окупацијата на нивната земја од страна на Иран и Америка.
Оманскиот весник „Ватан“: По убиството на Касим Сулејмани, командантот на Силите „Кудс“ поврзани со Иранската Револуционерна гарда, е прогласена жалост во Ирак. Европските земји апелираа до страните за воздржаност. Австрија пак, предложи да се одржи иранско-американски самит.
Германски „Дојче Веле“: Турција почна да праќа војска во Либија.
Германскиот информативен портал „Focus.de“: Американскиот претседател Доналд Трамп поради донесената одлука од страна на ирачкиот Парламент за повлекување на американските војници, му се заканува на Ирак со санкции.
Германскиот веб-сајт „Zeit.online“: Иран веќе не сака да се придржува кон нуклеарниот договор.
Францускиот весник „Ле Паризиен“: Сомневање за радикализација - Во фудбалскиот клуб во областа Есон пронајдена картонска кутија полна со народна облека џелаба, вид долга носија којашто се облекува во Северна Африка.
Француски „Ле Фигаро“: Францускиот претседател Емануел Макрон му рече на американскиот претседател Доналд Трамп дека е во „целосна солидарност“ по иранското прашање.
Белгискиот весник „Ле Суар“: Иран му свртува грб на нуклеарниот договор.
Шпанскиот весник „Ел Мундо“: 2019 година стана најкрвава година во поблиската историја на Мексико. Статистичките податоци на претседателот Мануел Лопес Обрадор во неговата прва година, не се премногу блескави од аспект на киднапирањата и убиствата.
Шпански „Ел Паис“: Педро Санчез не можеше да добие доверба во првиот круг, за освојување на потребното апсолутно мнозинство за да стане премиер.
Аргентинскиот весник „Кларин“: Венецуелскиот претседател Николас Мадуро во неделата го разреши од должност претседателот на венецуелското Национално Собрание Хуан Гуаидо, а на негово место го назначи Луис Пара. Потоа венецуелската полиција ги спртечи опозиционерите да влезат во Националното Собрание.
Руската новинска агенција „РИА Новости“: Јапонскиот експерт за војување рече дека воениот авион Миг-25 од руско производство е „најбрзиот авион на светот“.
Рускиот информативен портал „Gazeta.ru“: Руската јуниорска хокејска репрезентација во светското финале беше поразена од Канада.
Рускиот весник „Известија“: Предлог за поставување во еден град на границата со Русија на споменикот на Степан Бандера, кој е симбол на есктремно десничарските националисти во Украина.