Странски печат 31.12.2019

Еве некои од позначајните наслови во странските средства за информирање...

1332324
Странски печат 31.12.2019

Германскиот информативен портал „zdf.de“: Почина поранешниот германски министер за транспорт Манфред Столпе.

Германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“: Германската канцеларка Ангела Меркел рече дека глобалното затоплување е реалност.

Германскиот информативен портал „Spiegel.de“: Кабинскиот персонал во Германија започна штрајк.

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: Изречени смртни казни со бесење за 29 лица вработени во разузнавачката служба на Судан.

Саудиски „Ал Шарк Ал Авсат“: Откако Израел ги прекина даночните фондови кај палестинската управа е дадена тревога за зголемување на кризата.

Арапскиот весник „Ал Кудс Ал Араби“ кој се издава во Лондон: Во воздушните напади на САД во Ирак загинаа 25 лица и Багдад размислува да ги „преиспита своите односи“ во Вашингтон.

Катарскиот весник „Ал Раја“: 20 илјади цивили од Идлиб масовно се иселуваат кон границата со Турција.

Шпанскиот весник „Ле Паризиен“: Новогодишни желби од францускиот претседател Емануел Макрон кој ќе го прекине својот молк... Меѓутоа за што ќе зборува, што ќе рече?

Францускиот весник „Ле Монд“: За новогодишните прослави во Франција се задолжени 100 илјади припадници на безбедносните сили.

Францускиот весник „Ле Фигаро“: Генералната работничка конфедерација (ЦГТ) на Франција упати повик во периодот од 7 до 10 јануари да бидат „целосно блокирани“ рафинериите во земјата.

Шпанскиот весник „АБЦ“: Формираната владина коалиција помеѓу Социјалистичката работничка партија на Шпанија (ПСОЕ) и левичарската партија Унидас Подемос ја претстави својата владина програма. Ќе се собира данок од највисоките приходи, минималната плата ќе се зголеми на 1.200 евра.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Шпанија, одговори на Владата во Ла Паз со депортирање на тројца боливиски дипломати.

Аргентинскиот весник „Инфобае“: Претседателот на Венецуела Николас Мадуро во својата новогодишна порака вети економски „изненадувања“ за 2020 година.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Русија и Украина го потпишаа договорот за транзитен природен гас.

Рускиот информативен портал „lenta.ru“: Украина им се заблагодари на САД поради санкциите коишто ги спроведуваат против гасоводниот проект „Северен тек-2“.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Руската федерална вселенска агенција Рсокосмос планира во 2020 година да лансира над 40 вселенски ракети.



Слични вести