Странски печат 26.12.2019

Еве некои од позначајните наслови во странските средства за информирање...

1329869
Странски печат 26.12.2019

Катарски „Ал Џезира“: Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече дека Хафтар нема легитимитет и дека во Либија војуваат судански и руски платени војници.

Арапскиот весник „Ал Кудс Ал Араби“: Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го поддржува учеството на Тунис, Алжир и Катар на Самитот за Либија во Берлин.

Катарскиот весник „Ал Раја“: Во нападите врз Идлиб загинаа 10 лица и сириската опозиција прогласи мобилизација.

Арапскиот весник „Ал Кудс Ал Араби“ кој се издава во Лондон: Рускиот претседател Владимир Путин истакна дека Русија и Израел се доближија доста за де факто судир по четврти пат.

Германски „Дојче Веле“: Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече дека што поскоро треба да се воспостави прекин на огнот во Либија. На средбата на претседателот Ердоган со неговиот туниски колега претседателот Каис Саид беа разгледани чекорите коишто треба да се фрлат за прекин на огнот во Либија. 

Германскиот информативен портал „ard.de“: Пред 15 години џиновските бранови цунами ги погодија бреговите на Индискиот Океан. Загинаа 228 илјади лица.

Германскиот весник „Зудојче Цајтунг“: Израелските џетови ја нападнаа Газа.

Рускиот информативен портал „obzor.press“: Претседателот Владимир Путин отпушти од служба 5 мина генерали.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Судот во Москва го замрзна имотот на заменик началникот на Генералштабот на Руската Федерација Арсланов.

Рускиот информативен портал „Lenta.ru“: Рускиот министер за енергија Александер Новак истакна дека и покрај санкциите гасоводот „Северен тек-2“ ќе биде изграден.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Засолнувањето на високите функционери од екипата на поранешниот боливиски претседател Ево Моралес во Амбасадата на Мексико во Ла Паз, стана причина за затегнатост помеѓу Мексико и Боливија.

Шпански „Ел Мундо“: Влијанијата на судскиот процес со Каталонија - Во 2019 година повеќе од 400 фирми од Каталонија се преселија во Мадрид. 

Кубанската новинска агенција „Пренса Латина“: Сирија го тужи Вашингтон поради кражба на нејзината нафта.

Францускиот весник „Либерасјон“: Поради протестите против планот за реформа на пензискиот систем проблемите во Француските државни железници и Регионалните железници за превоз во Париз ќе продолжат и во четврток (денеска). 

Француски „Ле Монд“: Пред Божиќ во еден купопродажен центар во Хонгконг дојде до судир помеѓу демонстрантите и полицијата.

Францускиот телевизиски канал „Франс 24“: Во Алжир одржани марш за почит и национална погребна церемонија за покојниот генерал Ахмед Гаид Салах.


Тагови: #погребна церемонија , #демонстрантите и полицијата , #Хонгконг , #купопродажен центар , #Француските државни челезници , #планот за реформа на пензискиот систем , #го тужи Вашингтон , #Сирија , #Мадрид , #Каталонија , #Боливија , #Мексико , #Ла Паз , #Франс 24 , #Ле Монд , #Либерасјон , #Пренса Латина , #Ел Мундо , #Ел Паис , #гасоводот „Северен тек-2“ , #Александар Новак , #Арсланов , #Руската Федерација , #замрзна имотот , #Судот во Москва , #отпушти од служба , #Владимир Путин , #Газа , #израелските џетови , #Зудојче Цајтунг , #загинаа , #Индискиот Океан , #џиновските бранови цунами , #Каис Саид , #туниски колега , #прекин на огнот , #Израел , #Русија , #мобилизација , #сириската опозиција , #нападите рвз Идлиб , #Ал Раја , #Самитот за Либија во Берлин , #Катар , #Алжир , #Тунис , #Ал Кудс Ал Араби , #руски платени војници , #судански , #војуваат , #Либија , #легитимитет , #Хафтар , #Реџеп Тајјип Ердоган , #Ал Џезира

Слични вести