Странски печат 20.12.2019

Еве некои од позначајните наслови во странските средства за информирање...

1326661
Странски печат 20.12.2019

Германскиот информативен портал „zdf.de“: Федералниот Парламент на Германија (Бундестагот) го ратификува климатскиот пакет.

Германскиот веб-сајт „spiegel.de“: Во покраината Саксонија ќе се формира т.н. кениска коалиција, која своето име го добива по тоа што боите на партиите се исти со боите на знамето на Кенија. 

Германски „Дојче Веле“: Реакција од Германија и Русија против санкциите поради „Северен тек 2“.

Арапскиот весник „Ал Кудс Ал Араби“ кој се издава во Лондон: „Израелски воени авиони бомбардираа некои цели во Појасот Газа.

„Ал Џезира“: Владата за национално единство на Либија побара поддршка од Турција.

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: Рускиот претседател Владимир Путин истакна дека процесот за импичмент на американскиот претседател Доналд Трамп, се потпира на „фабрички“ обвинувања.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Европскиот парламент (ЕП) денеска ги започнува неопходните постапки за признавање како пратеник на Европската унија (ЕУ) на поранешниот каталонски лидер Пуџдемон.

Венецуелскиот телевизиски канал „Телесур“: Управата на Николас Мадуро е призната како единствен претставник на Венецуела во Обединетите нации (ОН).

Аргентинскиот весник „Инфобае“: Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) го заврши испитувањето и издаде одобрение за исплаќање на 498 милиони долари на Еквадор.

Францускиот весник „Ле Фигаро“: Поради штрајкот на 20 декември во областа на главниот град Париз се формирани редици од автомобили во должина од приближно 300 километри.

Швајцарскиот весник „Ле Темпс“: Штрајковите во Франција би можеле да ја чинат земјата многу скапо.

Рускиот весник „Комерсант“: Русија и Украина постигнаа договор по прашањето на транзитната испорака на гасот.

Рускиот информативен портал „Lenta.ru“: Соопштени се идентитетот и можната цел на сомнителното лице кое синоќа во Москва отвори оган и уби еден вработен во близина на Федералната безбедносна служба (ФСБ) на Русија. Може да станува збор за провокација против претседателот Путин.

Рускиот весник „Известија“: Советот за човекови права во склопот на претседателскиот кабинет на Русија, се обрати до Советот на Европа и до Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) со молба да се стави крај на притисокот што се врши врз дописникот на Спутник во Естонија.


Тагови: #Естонија , #дописникот на Спутник , #Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) , #Советот на Европа , #Москва , #Федералната безбедносна служба (ФСБ) , #Известија , #транзитната испорака на гасот , #Украина , #Ле Темпс , #Париз , #штрајковите , #Франција , #Ле Фигаро , #Еквадор , #Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) , #Инфобае , #Обединетите нации (ОН) , #Европската унија (ЕУ) , #Венецуела , #Николас Мадуро , #Телесур , #Европскиот парламент (ЕП) , #Ел Паис , #Доналд Трамп , #импичмент , #Владимир Путин , #Ал Шарк Ал Авсат , #Турција , #Владата за национално единство на Либија , #Ал Џезира , #Појасот Газа , #бомбардираа , #виоени авиони , #Ал Кудс Ал Араби , #Северен тек-2 , #санкциите , #Русија , #Германија , #боите на знамето , #боите на партиите , #кениска коалиција , #покраината Саксонија , #климатскиот пакет , #ратификува , #Бундестагот , #Федералниот Парламент на Германија

Слични вести