Странски печат 13.12.2019

Еве некои од позначајните наслови во странските средства за информирање...

1322699
Странски печат 13.12.2019

Германскиот веб-сајт „Bild.de“: Германскиот фудбалски прволигаш Борусија Минхенгладбах кој на мечот во Бундеслигата го победи Баерн Минхен, беше туширан од страна на турската екипа Башакшехир. Многу болно! Борусија Минхенгладбах со примениот гол во последната минута беше поразен од турската екипа Башакшехир и се збогува од УЕФА Лигата на Европа.

Германскиот информативен портал „Spiegel.de“: Борис Џонсон мисли дека по извојуваната победа на изборите целосно е отворен патот за Брегзит.

Германски „Дојче Веле“: Контра потег од Русија. Двајца германски дипломати мораат да ја напуштат оваа земја. 

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Катар и Турција потпишаа протокол за развивање на парламентарната соработка.

Арапскиот весник „Ал Кудс Ал Араби“ кој се издава во Лондон: Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) се обидуваат да ја добијат поддршката на европските земји за укинување на ембаргото за продажба на оружје.

Францускиот весник „Ле Монд“: На изборите во Обединетото Кралство концервативците на Борис Џонсон постигнаа историски успех.

Француски „Ле Фигаро“: Американскиот претседател Доналд Трамп му предложи на Пекинг трговско примирје.

Белгискиот весник „Ле Суар“: Европската унија (ЕУ), со исклучок на Полска, вети неутрализирање на емисиите на јаглеродот до 2050 година.

Рускиот информативен портал „Lenta.ru“: Германија, побара од САД да не ги применуваат санкциите против Русија.

Рускиот весник „Известија“: Во руската државна Дума беше коментирано дека продолжувањето за уште 6 месеци на санкциите на Европската унија (ЕУ) врз Русија, не претставува никаква опасност за земјата.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Изгаснат пожарот на рускиот носач на авиони „Адмирал Кузњецов“.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Борис Џонсон победи со убедливо мнозинство и веќе патот за Брегзит е отворен.

Шпански „Ел Мундо“: Чиле претпоставува дека се загинати 38-те патници кои се наоѓаа во срушениот авион и почнува да ги испитува пораките на Ватсап (WhatsApp).

Аргентинскиот весник „Инфобае“: САД спроведуваат санкции против синот на претседателот на Никарагва Даниел Ортега, Рафаел Ортега Мурило. Причина за санкциите се мито и перење пари. 

 


Тагови: #мито и перење пари , #Даниел Ортега , #Никарагва , #спроведуваат санкции , #Инфобае , #WhatsApp , #пораките на Ватсап , #срушениот авион , #патници , #загинати , #Чиле , #Ел Мундо , #Брегзит , #патот за Брегзит , #убедливо мнозинство , #ТАСС , #руската државна Дума , #Известија , #санкциите против Русија , #Германија , #САД , #емисиите на јаглеродот , #неутрализирање , #Европската унија (ЕУ) , #Ле Суар , #трговско примирје , #Пекинг , #Доналд Трамп , #Ле Фигаро , #историски успех , #концервативците , #Обединетото Кралство , #Ле Монд , #продажба на оружје , #ембаргото , #европските земји , #Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) , #Ал Кудс Ал Араби , #парламентарната соработка , #Турција , #Катар , #Ал Раја Ал Катарија , #германски дипломати , #Дојче Веле , #Русија , #Борис Џонсон , #турската екипа , #туширан , #УЕФА Лигата на Европа , #Башакшехир , #Борусија Минхенгладбах

Слични вести