Странски печат 06.12.2019
Еве некои од позначајните наслови во странските средства за информирање...

Германскиот информативен портал „Zeit.de“: Претседателот Ердоган соопшти дека Сирискиот самит ќе се одржи со Европејците.
Германскиот веб-сајт „zdf.de“: Покраините вршат притисок за климатскиот пакет.
Германски „Дојче Веле“: Министрите за внатрешни работи на покраините бараат Сиријците извршители на кривично дело да бидат депортирани.
Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Израел срамни со земја 165 куќи во Ерусалим (Кудс).
Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: Американскиот претседател Доналд Трамп, методот на задушување на демонстрациите во Иран го окарактеризира за „ужасен“ и „брутален“.
Оманскиот весник „Ватан“: Палестина соопшти дека тоа што Израел продолжува со политиката на изградба на нови населби попречува да се постигне на мирот.
Францускиот весник „Ле Монд“: Штрајк во Франција против пензиските реформи. По постигнатиот успех на 5 декември, синдикатите размислуваат за тоа што ќе се прави во иднина.
Француски „Ле Паризиен“: Фудбалскиот натпревар помеѓу Париз Сен Жермен и Галатасарај. Се преземаат мерки на највисоко ниво во однос на продажбата на билетите.
Францускиот весник „Ле Фигаро“: Европските земји го обвинуваат Иран за развивање на балистичка ракета со нуклеарен капацитет.
Шпанскиот весник „Ел Мундо“: Шпанскиот крал, идната среда ќе го назначи премиерот Педро Санчез за составување на новиот владин кабинет.
Шпанскиот весник „Ел Паис“: Маурицио Макри се збогува со претседателската функција во Аргентина, со оптимизам.
Чилеанскиот весник „Ла Терцера“: Централната банка на Чиле предвидува дека невработеноста во почетокот на 2020 година ќе изнесува над 10 отсто и смета дека ќе има отпуштања од работа во повеќе од половината од фирмите .
Рускиот весник „Вести“: Претседателот на САД, вети дека ќе се заинтересира во врска со скандалот со неиздавање визи за руските дипломати.
Рускиот весник „Комерсант“: Поранешниот амбасадор на САД Џон Хантсман смета дека Русија би можела да интервенира на претседателските избори во САД во 2020 година.
Руската новинска агенција „ТАСС“: Руската нафтена компанија „Транснефт“ за испорака на нафтата низ Украина до 2030 година ќе плати 106,7 милијарди рубљи.