Странски печат 05.12.2019

Еве некои позначајни информации за кои известуваат странските средства за информирање

Странски печат 05.12.2019

Германски „Зеит.де“ истакнува дека Меркел и Трамп, Самитот на НАТО го оценија за успешен.

Германски „Дојче веле“ истакнува дека „Повеќето од доселениците во Германија се академици“.

Германски „Хеибронер-Стиме“ истакнува дека според извештајот на УНЕСКО, Германија треба да биде пример за образованието на возрасните.

Шпанскиот весник „Ел Паис“ истакнува дека на третиот национален штрајк што се одржа пред две недели во Колумбија учествуваа десетици илјади луѓе.

Шпански „АБЦ“ истакнува дека шпанскиот премиер Педро Санчез оствари средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Венецуелскиот ТВ-канал „Телесур“ истакнува дека делегацијата за истражување на човековите права во Аргентина која отпатува за Боливија соопшти дека во земјата се прекршуваат човековите права.

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Лондон истакнува дека по период од 23 години САД првпат ќе разменат амбасадори.

Арапскиот весник „Ал Кудс Ал Араби“ ја објавува изјавата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека Турција нема никакви претензии кон териториите на Сирија.

Катарскиот ТВ-канал „Ал џезира“ истакнува дека либанскиот претседател го определи датумот за консултации за одредување на кандидатот за премиер.

Францускиот ТВ-канал „Франс 24“ истакнува: „Штрајкот на 5 декември – причините за мобилизацијата против пензионерските реформи“.

Француски „Ле Паризиен“ истакнува дека за обвинетите во случајот со палењето на полицајците во градот Вири-Шатијон се бара казна затвор од 10 до 20 години.

Француски „Ле Монд“ истакнува дека објавувањето на едно видео на Самитот на НАТО а кое беше украдено, предизвика затегнатост меѓу Трамп и Турдо.

Руската новинска агенција „ТАСС“ истакнува дека Русија ќе одговори на депортирањето на двајцата руски дипломати од Германија.

Руската новинска агенција „ИНТЕРФАКС“ ја објавува изјавата на рускиот претседател Путин кој рече дека Бугарија намерно ја забавува изградбата на гасоводниот проект Турски тек.

Руски „Газетем.ру“ ја објавува изјавата на портпаролот на Кремљ, Песков кој во врска со зголемувањето на буџетот на НАТО рече дека тоа предизвикува загриженост во Русија.



Слични вести