Странски печат 04.12.2019

Еве некои од позначајните наслови во странските средства за информирање...

Странски печат 04.12.2019

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Кулминираат демонстрациите во Ирак.

Оманскиот весник „Ватан“: Британскиот принц Вилијам допатува во тридневна официјална посета на Оман.

Германскиот информативен портал „Ntv.de“: Четирилатерален самит во Лондон - Германската канцеларка Ангела Меркел ја пофали средбата со претседателот на Турција Реџеп Тајјип Ердоган.

Германски „Дојче Веле“: Соопштено е дека новиот аеродром во главниот град на Германија, Берлин, ќе биде отворен на 31 октомври 2020 година. Изградбата на аеродромот чие отворање со години се одложува, започна во 2006 година.

Германскиот веб-сајт „Handelsblatt.com“: Производителот на автомобили „Даимлер“ кој има за цел да ги зголеми инвестициите во електрични возила, во наредните 3 години ќе го намали бројот на своите вработени во фабриките низ светот за најмалку 10 илјади лица. 

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Венецуела ги покани меѓународните набљудувачи за претстојните избори.

Мексиканскиот веб-сајт „Milenio.com“: Уапсените во врска со масакрот врз семејството ЛеБарон, се само жртвено јагне.

Шпанскиот весник „Ла Вангардија“: Сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, Меланија Трамп, објави книга по име „Мона Лиза во Белата куќа“ во која се раскажува за животната приказна на Првата дама.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: САД повторно не и издадоа виза на руската делегација.

Рускиот информативен портал „Lenta.ru“: Германија соопшти дека ќе одговори на евентуалните санкции на САД врз проектот „Северен тек-2“.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Украинското министерство за надворешни работи ја откри содржината на нацрт одлуката на „Нормандиската четворка“.

Францускиот весник „Ле Монд“: Американскиот претседател Доналд Трамп и францускиот претседател Емануел Макрон на средбата во Лондон ги изнесоа своите разидувања во размислувањата, по прашањата на НАТО и Сирија.

Француски „Ле Паризиен“: Штрајк на 5 декември - 90 отсто од возовите во Франција нема да сообраќаат.

Белгискиот весник „Ле Суар“: Мрачната слика на Европа по прашањето на животната средина.



Слични вести