Странски печат 03.12.2019

Еве некои позначајни случувања за кои известуваат странските средства за информирање

Странски печат 03.12.2019

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“ го објавува соопштението на Турција во кое се истакнува дека договорот со Либија е легален.

Оманскиот весник „Ватан“ истакнува дека во експлозијата на мина во Сирија загинаа 3 руски војници.

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Британија истакнува дека последните демонстрации во Иран беа најкрвавите во последните 40 години.

Шпанскиот весник „Ел Паис“ ја објавува изјавата на шпанскиот крал Фелипе Четврти кој рече дека ниту една граница не може да обезбеди заштита против глобалното затоплување.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“ истакнува дека владата на Санчез за да може да ги оствари целите во рок од два месеци треба да најде извори во износ од 25 милијарди евра.

Аргентинскиот весник „Кларин“ ја објавува изјавата на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро во врска со алуминиумот и челикот кој рече: „Се надевам дека Трамп ќе не разбере и нема да не казни“.

Швајцарскиот весник „Ле Темпс“ истакнува дека официјален Вашингтон сака да спроведе високи даночни стапки врз француските производи.

Францускиот весник „Ле Паризиен“ истакнува дека митингот на 5 декември кој ќе се одржи против пензиските реформи е недела со доста висок ризик од аспект на Елисејската палата.

Француски „Ле Монд“ истакнува дека нечистотијата на улиците ја сочинуваат основата на локалните избори во Париз.

Германски „Дојче веле“ истакнува дека европските лидери ќе седнат на маса со Ердоган.

Германски „Шпигел онлајн“ истакнува дека патот што го следиме од аспект на климатските промени не води никаде.

Германски Фокус онлајн истакнува: Проблеми со барањето за азил кои се повторуваат. 4 916 лица во Германија по трет пат аплицираат за азил. 294 лица дури по пет пати аплицирале за азил.

Руската новинска агенција ТАСС ја објавува изјавата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган кој рече дека неминовна обновата на НАТО.

Руски РИА новости истакнува дека Турција го анализира предлогот на Русија во врска со Су-35.

Руски Лента-ру истакнува дека рускиот претседател Владимир Путин ја потпиша уредбата со која се забранува продажбата на умните телефони и компјутери кои немаат руски софтвер.



Слични вести