Странски печат 02.12.2019

Еве некои од позначајните наслови во странските средства за информирање...

Странски печат 02.12.2019

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Во последните 2 години од Газа врз Израел се истрелани 2.600 ракети.

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: Ирачките демонстранти по втор пат го запалија Генералниот конзулат на Иран во градот Неџеф.

Кувајтскиот весник „Ватан“: Принцот Вилијам престојува во официјална посета на Кувајт.

Германскиот информативен портал „Bild.de“: Германските војници добија казна поради недисциплинираност. Приближно 1.000 војници во Германија добија дисциплински казни поради конзумирање алкохол и неисполнување на својата задача.

Германски „Дојче Веле“: Новиот состав на Комисијата на Европската унија официјално стапи на должност. Комисијата на Европската унија во нов состав на чело со германската политичарка Урсула фон дер Лејен стапи официјално на должност. Лејен истакна дека се разгледани целите и значајните прашања на кои ќе работи Европската комисија (ЕК) во нов став.

Германскиот веб-сајт „Spiegel.de“: Во Северното Ледено Море наскоро би можела да се откине ледена маса во големина колку Лондон. 

Францускиот весник „Ле Монд“: Франција се откажа да и даде брод на либиската крајбрежна стража.

Француски „Ле Фигаро“: Судскиот процес во врска со финансирањето од Либија: Според Медиапарт, еден близок на поранешниот француски претседател Никола Саркози во 2006 година примил 440.000 евра.

Францускиот весник „Ле Паризиен“: Убиените војници во Мали: Францускиот претседател Емануел Макрон се надева дека со оддавање почит на хероите, ќе ја обедини земјата. 

Руски „РБК“: Министерскиот совет на Украина соопшти дека е спремен 2 области на Русија да ги приклучи кон своиите територии.

Руската агенција „Регнум“: САД истакнаа дека би можеле да применуваат санкции врз Русија за проектот „Северен тек-2“. 

Рускиот информативен портал „Lenta.ru“: Како што е соопштено бројот на загинатите при пад на автобус во една река во областа Забајкалје во Русија, изнесува 19 лица.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Климатскиот самит во Мадрид е во потрага по порадикални одбитоци за намалување на процентот на емисиите во земјите. 

Мексиканскиот весник „Ел Универсал“: По смртта на 21 лице во еден судир, постепено добива се поочајна состојба насилството кое станува причина за трговија со опојни дроги во Мексико.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“: Стагнацијата на насилството и економијата причинува сенка врз првата годишнина од должноста на претседателот на Мексико Мануел Лопес Обрадор.



Слични вести