Странски печат 26.11.2019

Еве некои од позначајните наслови во странските средства за информирање...

1312483
Странски печат 26.11.2019

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Турција соопшти дека во рамките на операцијата „Шепа“ („Pençe“) во северниот дел на Ирак се неутрализирани 163 терористи.

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: Организацијата „Амнести Интернешнл“ соопшти дека во протестите во Иран животот го загубија најмалку 143 лица.

Катарски „Ал Раја Ал Катарија“: Демонстрациите во главниот град на Ирак, Багдад, продолжуваат; блокиран патот за градот Басра на југот на земјата.

Германскиот информативен портал „Zeit.online“: Турција ги започна тестовите на рускиот противвоздушно одбранбен систем С-400.

Германскиот телевизиски канал „WDR“: Во Германија се врати првата жена припадничка на ДЕАШ.

Германскиот информативен портал „Focus.online“: Надвиснуваат црни облаци со бура врз германската економија.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Насилствата во Чиле ги зголемија душевните растројства и продажбите на оружје во земјата.

Мексиканскиот весник „Ла Хорнада“: Илјадници лица кои се собраа во главниот град Мексико Сити бараа да престане насилството врз жените.

Колумбискиот весник „Ел Тиемпо“: Какво значење има во Перу пуштањето на слобода на лидерот на опозицијата Кеико Фуџимори?

Францускиот телевизиски канал „Франс 24“: Министерството за надворешни работи на Франција соопшти дека е ослободен францускиот граѓанин кој беше киднапиран во Мексико.

Францускиот весник „Ле Паризиен“: Британскиот премиер Борис Џонсон е лажливец кој ја ослабува Европа.

Француски „Ле Фигаро“: Опасното ширење на евангелистичките секти.

Рускиот весник „Известија“: Рособоронекспорт соопшти дека има намера да го набави и вториот полк противвоздушно одбранбени системи С-400 за Турција.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Амбасадорот на Русија во Велика Британија соопшти дека може да се одговори на ист начин на тоа што не им е издадена виза на руските новинари.

Рускиот информативен портал „Lenta.ru“: Рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараа за набавката на природен гас за Украина.



Слични вести