Странски печат 22.11.2019

Еве некои од позначајните наслови во странските средства за информирање...

1310641
Странски печат 22.11.2019

Германскиот весник „Зудојче Цајтунг“: Германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас замина во посета на Јапонија.

Германски „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“: Полицијата го забрани протестот којшто Национал-демократската партија (НПД) планираше да го одржи во градот Хановер.  

Германскиот весник „Велт“: Српскиот претседател Александар Вучиќ ја обвинува Русија за шпионажа.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Западното разузнавање ја следи трагата на рускиот агент кој е утврден во Каталонија.

Аргентинскиот весник „Ла Национ“: Колумбија ја тресат протести и насилство. Постои притисок врз претседателот Иван Дуке.

Колумбискиот весник „Ел Хералдо“: САД истакнаа дека поранешниот претседател на Боливија Ево Моралес треба да остане надвор од изборите.

Францускиот весник „Ле Монд“: Претседателот Емануел Макрон кој се состана со студентите во градот Амиенс рече: „Нашата земја е премногу негативна.“

Француски „Ле Фигаро“: Четворица од секои пет мина ергени во светот не спортуваат и не вежбаат доволно.

Францускиот весник „Ле Паризиен“: По измината една година од нападот во Стразбур, божиќниот пазар се уште под високи безбедносни мерки.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека и покрај скандалот со рускиот агент нема да се расипат односите со Русија.

Руската новинска агенција „ТАСС“: САД соопштија дека не се противат на продажбата на рускиот природен гас на Европа.

Рускиот информативен портал „Lenta.ru“: Во Русија е донесена забрана за продажба на електронски уреди кои немаат руски софтвер.

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху со обвинување за „поткуп и измама“ може да одлежи 9 години затвор.

Информативниот портал „aljazeera.net“: Соопштение од Министерството за национална одбрана на Турција: Сиријците почнаа да се враќаат доброволно во областите на Тел Абјад и Расулајн кои се спасени од елементите на ЈПГ/ПКК.

Арапскиот весник „Ал Кудс Ал Араби“ кој излегува во Лондон: Жестоки напади од сирискиот режим и Русија врз руралните подрачја на градовите Идлиб и Латакија.



Слични вести