Странски печат 14.11.2019

Еве некои од позначајните наслови во странските средства за информирање...

1306345
Странски печат 14.11.2019

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: Со посредништво на Египет е постигнат прекин на огнот помеѓу Израел и палестинските групи.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Ирачаните продолжуваат со демонстрациите и одбиваат да го напуштат плоштадот Тахрир во Багдад.

Катарски „Ал Раја Ал Катарија“: Либанскиот премиер во оставка Саад Харири го одби предлогот на претседателот Бери за формирање на новата влада, додека претседателот Бери предупреди по прашањето на запаѓање на земјата во политичка празнина.

Германскиот информативен портал „Zeit.online“: Турскиот претседател Реџеп Тајјип Ердоган ќе смести во Сирија 1 милион бегалци.

Германски „Spiegel.online“: Осомничените припадници на ДЕАШ засега ќе шетаат слободно во Германија.

Германскиот веб-сајт „Rbb24.de“: Во Бранденбург во Берлин првото возило Тесла ќе биде произведено во 2021 година.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Ево Моралес изјави дека е подготвен да се врати во Боливија, а како што рече не за да се кандидира, туку да ја смири ситуацијата во земјата.

Шпански весник „Ел Мундо“: Шпанскиот крал Фелипе шести во Куба каде што престојува во посета истакна дека за почитување на човековите права и слободата на мислата, мора да постои демократија.

Шпанскиот весник „Ла Вангардија“: Работничката партија (ПСОЕ) во Шпанија се обидува да обезбеди да бидат надминати грижите коишто се создадени од формираната коалиција со една друга социјалистичка партија Унидас Подемос (УП-Обединети можеме).  

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Американскиот претседател Доналд Трамп и турскиот претседател Реџеп Тајјип Ердоган одлучни за решавање на прашањето со противвоздушно одбранбениот ракетен систем С-400.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск тврди дека „Русија не е стратешки партнер на Европската унија (ЕУ), туку е нејзин стратешки проблем“.

Рускиот весник „Известија“: Со секој поминат ден расте разочараноста кај Украинците од нивниот нов претседател Зеленски.

Францускиот весник „Ле Монд“: Во Франција се доживува болничка криза. Здравствените работници денеска ќе одржат вонреден протест.

Француски „Ле Фигаро“: Американскиот претседател Доналд Трамп го пречека турскиот претседател Реџеп Тајјип Ердоган, за надминување на проблемите во турско-американските односи.

Белгискиот весник „Ле Суар“: Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск истакна дека Брегзит во вистинска смисла значи крај на Британската Империја.



Слични вести