Странски печат 08.11.2019

Еве некои од позначајните наслови во странските средства за информирање...

Странски печат 08.11.2019

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Американското списание „Њусвик“ напиша дека дури и доколку би паднала владата нема да избувне граѓанска војна во Ирак.

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: Обидите на ирачката влада за ставање под контрола на демонстрациите во Багдад стануваат причина за смртта на голем број лица.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Постарата сестра и сопругата на убиениот лидер на терористичката организација ДЕАШ Ебубекир ел-Багдади, се наоѓаат во рацете на турските безбедносни сили.   

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Во Шпанија на 10 ноември ќе се оди на предвремени избори. Партиите водат борба гради в гради по прашањето на неодлучните гласачи.

Чилеанскиот весник „Ла Терцера“: Протестите во Чиле - Зошто владата се соочува со толку многу тешкотии за воспоставување на контролата на улиците?

Мексиканскиот весник „Ел Универзал“: Изнесени на продажба куќите на нарко босот Ел Чапо, кого го викаат „Малиот“. Во огласите за продажба на неговите куќи стои напишано следното „Еве што треба да направите за да се стекнете со нив.“

Францускиот весник „Ле Монд“: Во периодот помеѓу ноември 2018 и јуни 2019 година се донесени повеќе од 3.000 пресуди против жолтите елеци.

Француски „Ла Паризиен“: Францускиот сенатор кој жените со превез на главата ги спореди со „вештерки од Ноќта на вештерките Халовен“ не доби казна.

Францускиот весник „Ле Фигаро“: Измачувањата во Гвантанамо уште еднаш се најдоа на дневниот ред на француското судство.

Германски „Дојче Веле“: Припадниците на ДЕАШ кои се наоѓаат во затвор претставуваат нова опасност во Сирија.

Германскиот весник „Ди Велт“: Германската канцеларка Ангела Меркел покажа реакција против францускиот претседател Емануел Макрон со зборовите „НАТО ја претставува основата на нашата безбедност“.

Германскиот телевизиски канал „ЗДФ“: Американскиот државен секретар Мајк Помпео престојува во официјална посета на Германија.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган соопшти дека Турција уапсила 13 лица блиски на лидерот на терористичката организација ДЕАШ Ебубекир ел-Багдади.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Руските хеликоптери секојдневно ќе патролираат над северниот дел на Сирија.

Рускиот весник „Известија“: Американскиот секретаријат за одбрана Пентагон прифати дека САД заостанале зад Русија во однос на хиперсоничните оружја.



Слични вести