Странски печат 04.11.2019

Еве некои од позначајните наслови во странските средства за информирање...

1299576
Странски печат 04.11.2019

Германски „ЗДФ“: Германската канцеларка Ангела Меркел посакува до 2030 година да бидат изградени еден милион станици за полнење на електрични возила.

Германскиот весник „Зудојче Цајтунг“: Германија не враќа речиси ниту еден бегалец од границата.

Германски „Дојче Веле“: Германскиот политичар од турско потекло Џем Оздемир, доби закана со смрт од екстремните десничари.

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: Ирачките демонстранти го опколија генералниот конзулат на Иран во градот Кербала и се обидоа да го закачат ирачкото знаме на иранското дипломатско претставништво .

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Протестите во Ирак во деветтиот ден влегоа посилни и помасовни.

Саудискиот весник „Ал Ријад“: Кралот на Саудиска Арабија Салман Бин Абдулазиз го прими претставникот на малезискиот премиер и министер за образование.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Шпанската принцеза Леонор, во фокусот на протестите против одлуката за апсење на каталонските лидери и движењата за независност, денеска учествува на својата прва официјална манифестација во Каталонија.

Колумбискиот весник „Ел Колумбиано“: Опозиционерите кои продолжуваат со протестите во Боливија му дадоа рок од 48 часа на претседателот Ево Моралес да поднесе оставка.

Венецуелскиот телевизиски канал „Телесур“: Венецуелската влада ги прогласи за непожелни личности дипломатскиот персонал на Ел Салвадор и побара да ја напуштат земјата.  

Францускиот весник „Ле Фигаро“: Францускиот претседател Емануел Макрон повторно организира посета на Кина, а со цел потрага за соработка со оваа земја.

Белгискиот весник „Ле Суар“: Геноцидот во Руанда повторно пред суд во Белгија.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Портпаролот на претседателскиот дворец на Русија (Кремљ) Дмитриј Песков истакна дека неговата земја не се откажа од испораката на природниот гас преку Украина.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека односите на неговата земја со Русија се многу добри.

Рускиот информативен портал „lenta.ru“: Американската технолошка компанија Епл (Apple) ги предупреди своите муштерии дека почнувајќи од понеделник корисниците на стари Ајфони (iPhone) и Ајпеди (iPad) не ќе можат да се поврзат на интернет.



Слични вести