Странски печат 31.10.2019

Еве некои од позначајните наслови во странските средства за информирање...

1297620
Странски печат 31.10.2019

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: Американскиот Државен секретаријат го објави видеото од операцијата во која беше убиен лидерот на терористичката организација ДЕАШ Ебубекир ел-Багдади.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Либанскиот претседател ја прифати оставката на владата на Харири.

Оманскиот весник „Ал Ватан“: Ирачаните ги очекуваат вестите за разрешување на владата, а протестите продолжуваат.

Германскиот информативен портал „t-online.de“: Претседателот на Турција Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека ќе започнат заедничките турско-руски патроли во северниот дел на Сирија.

Германски „Дојче Веле“: ФЕД уште еднаш ја намали каматната стапка. Американската Централна банка ФЕД по трет пат оваа година ја намали каматната стапка за 25 базични поени. ФЕД го даде и сигналот дека би можел да направи пауза во намалувањата на каматната стапка.

Германскиот веб-сајт „ard.de“: Тужба против германската влада за придржување кон климатските цели. Меѓународната еколошка организација „Гринпис“ заедно со три земјоделски семејства покрена тужба против германската влада во Административниот суд во Берлин и побара да ја исполни својата обврска за придржување кон климатските цели за 2020 година. 

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Поради протестите коишто продолжуваат, Чиле ги откажа Светскиот климатски самит и Азиско-пацифичкиот форум.

Шпански „Ла Вангардија“: Премиерот Педро Санчез ги предупреди сепаратистите со зборовите: „Немојте да ја омаловажувате шпанската демократија.“

Шпанскиот весник „Ел Мундо“: Академците во Каталонија истакнаа дека откажувањето на испитите на учениците за да би можеле да учествуваат на штрајковите, е незаконско.  

Францускиот весник „Ле Монд“: Интервенцијата на Русија не може да ги спречи судирите во североисточниот дел на Сирија.

Француски „Ле Фигаро“: Вашингтон ги сподели првите снимки од операцијата против Багдади.

Швајцарскиот весник „Ле Темпс“: Во Женева, под висок надзор се обликува иднината на Сирија.

Руската интернет страница „РБК“: Рускиот претседател Владимир Путин предложи да се престане со апсурдните барања во дискусиите во врска со природниот гас со Украина.

Рускиот весник „Известија“: Во американскиот печат се говори за плановите на САД за извршување на напад врз Крим и Далечниот исток.

Рускиот весник „Комерсант“: Крената и данската пречка, последната препрека пред гасоводот „Северен тек-2“.



Слични вести