Странски печат 28.10.2019

Еве некои од позначајните наслови во странските средства за информирање...

1295885
Странски печат 28.10.2019

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: Вашингтон објави соопштение во врска со името на операцијата чија цел беше лидерот на терористичката организација ДЕАШ Багдади и судбината на остатоците од неговото мртво тело.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: И покрај тоа што се распоредени сили за борба против тероризмот, протестите во Ирак продолжуваат.

Либанскиот весник „Ал Ватан“: Растат предупредувањата за тоа дека Либан би можел да оди кон хаос.

Аргентинскиот весник „Инфобае“: Чилеанскиот претседател Себастијан Пинера го потпиша указот којшто предвидува да се укине прогласената „итната состојба“ во земјата.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Аберто Фернандес ќе постигне победа против Маурисио Макри, и ќе стане иден претседател на Аргентина.

Венецуелскиот телевизиски канал „Телесур“: Кина и Куба ќе формираат центар за вештачка интелигенција.

Францускиот весник „Ле Паризиен“: Француската министерка за одбрана Флоренс Парли рече дека смртта на Багдади не значи дека е завршена борбата против ДЕАШ.

Француски „Ле Монд“: Во Париз се одржа протест за да се каже „стоп за исламофобијата“.

Францускиот весник „Ле Фигаро“: На едно градилиште на џамија во градот Аденес, повторно се напишани расистички зборови.  

Германскиот информативен портал „Spiegel.de“: Германската Демохристијанската унија (ЦДУ) здоби голем пораз на изборите во Туринген.

Германски „Дојче Веле“: Германија се најде на 12-тото место меѓу 143 земји во спроведеното истражување кое го покажува степенот на одржлив просперитет во светот.

Германскиот информативен портал „Bild.de“: Шокантен извештај – Асад во Сирија применувал 72 различни методи на измачување.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Руската воена полиција почна да ја вади ЈПГ од сириско-турската граница.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Амбасадорот на Русија во Вашингтон Анатолиј Антонов им препорача на Русите да бидат внимателни при патување на САД.

Рускиот информативен портал „Lenta.ru“: Русите, за летниот одмор ги избраа Турција, Италија и Полска. Турција е на прво место.



Слични вести