Странски печат 25.10.2019

Еве некои од позначајните наслови во странските средства за информирање...

1294566
Странски печат 25.10.2019

Германскиот веб-сајт „Bild.de“: Прашања за коишто не може да се најде одговор во врска со камионот на смртта. Зошто мртвите тела се испитуваат во пристаништето? Полицијата ги продолжува испитувањата во врска со 39’те мртви тела кои беа пронајдени во еден камион во градот Есекс во Велика Британија.

Германски „Дојче Веле“: Централната банка на Република Турција уште еднаш ја намали политиката на каматната стапка.

Германскиот весник „Зудојче Цајтунг“: САД ќе испратат војска за одбрана на нафтените лежишта. Американскиот секретаријат за одбрана Пентагон ќе испрати војска за одбрана на нафтените лежишта во Сирија.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Воспоставено обемно стратешко партнерство помеѓу Катар и Турција.

Арапскиот весник „Ал Кудс Ал Араби“ кој се издава во Лондон: Британски „Вол Стрит Џурнал“ напиша дека Ердоган го постигна посакуваното во Сирија и Трамп него го награди безвозвратно.

Катарски „Ал Џезира“: НАТО размислува за распоредување на единиците во северниот дел на Сирија. Ердоган пак, ја покажува на Европа картата со бегалците.

Рускиот весник „Известија“: Официјален Киев го оцени за неизбежно преминот на рускиот гас, низ териториите на Украина.

Рускиот информативен портал „Gazeta.ru“: Снимено заминувањето на руската воена полиција во Сирија.

Рускиот веб-сајт „Lenta.ru“: ММА борачот Конор Макгрегор беше протестиран од страна на насобраните Дагестанци пред хотелот во кој престојува во Москва.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Откако беа извадени посмртните остатоци на диктаторот Франко, е неизвесна судбината на мавзолејот на „Долината на паднатите борци“ „Ел Вале де лос Каидос“.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“: Високата комесарка за човекови права на Обединетите нации (ОН) Мишел Башеле ќе испрати екипа во Чиле за спроведување истражување во врска со злоупотребата на должноста на безбедносните сили за време на протестите во оваа земја.

Венецуелскиот телевизиски канал „Телесур“: Претседателот на Боливија Ево Моралес истакна дека народот стапи во акција за демократија.

Францускиот весник „Ле Монд“: Британскиот премиер Борис Џонсон, за надминување на безизлезот со Брегзит, ја постави на дневен ред уцената со избори.

Француски „Ле Паризиен“: Островот Ла Реунион, прекуокеанскиот град на Франција, на вториот ден од посетата на францускиот претседател Емануел Макрон стана сцена на жестоки судири.

Француски „Ле Паризиен“: Железничка несреќа на меѓурегионалната железничка линија. Француските државни железници ќе го зајакнат синџирот на предупредување.



Слични вести