Странски печат 21.10.2019

Еве некои од позначајните наслови во странските средства за информирање...

1291538
Странски печат 21.10.2019

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“: Американските војници се повлекоа од нивната најголема база во северниот дел на Сирија.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Операцијата Извор на мирот ги спречи плановите за формирање на терористичка држава во Сирија.

Оманскиот весник „Ал Ватан“: Протестите во Либан продолжуваат и меѓу „работите за спасување на стуацијата“ се наоѓаат преуредувања како што се да не бидат воведени нови даноци и да се укинат некои министерства и да се намалат платите.

Германската интернет страница „Bild.de“: Американските метеоролози прогнозираат дека оваа зима во Германија ќе помине со обилни врнежи.

Германскиот весник „Зудојче Цајтунг“: Економијата во Германија споредено со другите европски земји бележи бавен раст. Германија веќе не е предводничка земја.

Германски „Дојче Веле“: На протестите во Чиле е пролеана крв. На протестите кои што започнаа по поскувањето на цените за метро билетите во главниот град Сантијаго, животот го загубија најмалку 3 лица.

Францускиот весник „Ле Монд“: Европските миграциски политики заедно со тоа што не ги спречуваат миграциите од Африка, го поттикнуваат и „популизмот“.

Француски „Ле Паризиен“: Во Либан стотици илјади лица излегоа масовно на улиците, против политичарите.

Францускиот весник „Ле Фигаро“: Од аспект на канадскиот премиер Џастин Трудо, ризични федерални избори.

Шпанскиот весник „АБЦ“: Премиерот Хуго Санчез заминува за Барселона за да ги посети припадниците на безбедносните сили кои беа повредени за време на насилствата. Го потсети (претседателот на владата на автономната управа Каталонија) Квим Тора за неговите „одговорности“ и рече дека каталонскиот политичар треба „децидно да го осуди насилството“.

Мексиканскиот весник „Ел Универзал“: Поради затворениците кои избегаа за време на судирите до кои што дојде во градот Кулиакан, по притворањето на синот на  (нарко-босот) „Ел Чапо“, е изземен од должност директорот на затворот.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Писателот Џон Ле Каре рече дека Брегзит претставува најголема глупавост што ја направи Велика Британија.

Рускиот информативен портал „Gazetem.ru“: Рускиот премиер Дмитриј Медведев изјави дека изградбата на гасоводот Турски тек е во полза на цела Европа.

Руската информативна агенција „ТАСС“: На 24 октомври во рускиот град на црноморскиот брег Сочи ќе започне состанокот меѓу Русија и Африка.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Возилото кое ги превезуваше вработените на нуклеарната централа Аккују во близина на градот Мерсин удри во камион и во несреќата загинаа 2 лица, а 11 мина беа повредени.



Слични вести