Странски печат 17.10.2019

Еве некои од позначајните наслови во странските средства за информирање...

1289561
Странски печат 17.10.2019

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: Стотици сириски Курди тргнаа кон Ирак.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече дека операцијата Извор на мирот ќе заврши откако вооружените лица ќе ја напуштат безбедната зона.

Либанскиот весник „Ал Мустакбал“: Пентагон соопшти дека од северниот дел на Сирија се повлекоа 1.000 американски војници.

Германскиот информативен портал „Welt.de“: Прогноза за раст од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) - Германија оваа година во економскиот раст ќе остане зад Франција.

Германскиот веб сајт „Tagesschau.de“: И покрај предупредувањата на Комисијата на Европската унија и САД, германската Влада запали зелено светло за кинески Хуавеи за 5Г мобилната мрежа.

Германски „Дојче Веле“: Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер го побара по телефон и го изрази своето сочувство до сопственикот на продавницата за донер во градот Хале кој беше подложен на напад.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Русија ја подготви својата нацрт одлука којашто предвидува Првиот комитет на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) да се премести од САД.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Русија своите инвестиции во државните обврзници на САД ги зголеми за околу 800 милиони долари.

Рускиот информативен портал „Lenta.ru“: Турција подготви одговор за санкциите на САД.

Францускиот телевизиски канал „Франс 24“: Според американскиот претседател Доналд Трамп, ПКК е полоша од ДЕАШ.

Францускиот весник „Ле Фигаро“: Се појави надеж за постигнување на соодветен договор со Лондон, по прашањето на Брегзит.

Францускиот весник „Ле Монд“: По изречените казни за лидерите на страната на независност, во Каталонија се одржа „Марш на слободата“. 

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Нова ноќ на насилство во Каталонија - Беа запалени возила и беа извршени напади врз локалните сили на јавниот ред и мир.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“: Во Мурција, од рајот во гроб - Силните врнежи од дожд во последно време, загаденоста, земјоделските лекови и урбанизацијата станаа причина на брегот да се насукаат тони изумрени риби и морски животни.

Шпанскиот весник „Ла Вангардија“: Во вулканот Попокатепетл во Мексико се случи нова експлозија.

 



Слични вести