Странски печат 11.10.2019

Еве некои од позначајните наслови во странските средства за информирање...

1286182
Странски печат 11.10.2019

Саудискиот весник „Ал Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Лондон: Американскиот претседател Доналд Трамп зборува за посредување помеѓу Турција и Курдите.

Саудискиот весник „Ал Кудс Ал Арабија“: САД и Русија го отфрлија предлогот во Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) за осудување на операцијата Извор на мирот.

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: Во судирите во северниот дел на Сирија загина еден турски војник, а тројца турски војници се ранети.

Германски „Дојче Веле“: Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, за реализираниот напад врз синагогата во градот Хале рече: „Ова е ден на срам“.

Германскиот весник „Ди Велт“: Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би можел да посредува помеѓу Турција и Курдите.

Францускиот весник „Ле Монд“: Тероризам – Копнените сили во Франција повторно ќе започнат со вежби на „отворен простор“, т.ј. во селата и руралните подрачја.

Францускиот весник „Ле Паризиен“: Францускиот претседател Емануел Макрон го прими својот „брат непријател“ во Европа, унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Белгискиот весник „Ле Суар“: Во Белгија се утврдени повеќе од 2.800 лица поврзани со екстремната десница.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Со цел стопирање на протестите, екваторската влада предлага да се постави на дневен ред дијалогот.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“: Од Ердоган до Европа: Ќе ги отвориме вратите, 3,6-те милиони бегалци ќе ви ги испратиме вам.

Мексиканскиот весник „Ел Екселенцио“: Мигуел Диаз-Канел, избран за нов претседател на Куба.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека во операцијата во Сирија загина еден турски војник.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Премин кон нови валути во исплатите: Русија и Турција се збогуваа со доларот.

Рускиот весник „Раша Тудеј“: Главниот град на Туркменистан, Ашкабат, домаќин на самитот на претседателите на земјите членки на Заедницата на Независните Држави. На состанокот учествува и рускиот претседател Владимир Путин.



Слични вести